Селекторот Тодоров ги одреди кошаркарите кои ќе играат во Талин

фото: КФСМ

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Александар Тодоров ги избра 12. играчи со кои ќе настапи во „меурот“ во Талин, Естонија во квалификациите за ЕП.

Откако денеска ги доби резултатите од тестирањата на ковид-19, Тодоров се одлучи во последниот филтер да отпаднат Дамјан Робев и Андреј Митревски, додека капитенот Војдан Стојановски и Џејкоб Вајли ќе се приклучат на репрезентацијата на патот кон Талин.

Од натурализираните Македонци, во Талин на натпреварите против Италија и Естонија, селекторот ќе смета на Џејкоб Вајли, а за сениорскиот тим ќе дебитираат младите играчи на МЗТ Скопје, Лука Савичевиќ и Леонид Тодоровски, додека во репрезентацијата се враќа Бојан Трајковски.

Список на репрезентативци за настапот во Талин, Естонија:
Љубомир Младеновски (Работнички)
Виктор Ефремоски (Работнички)
Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Филип Бакоч (МЗТ Скопје Аеродром)
Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)
Марко Симоновски (Кожув)
Бојан Трајковски (Пелистер)
Лука Савиќевиќ (МЗТ Скопје Уни Банка)
Леонид Тодоровски (МЗТ Скопје Уни Банка)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот