Селекторот на Србија верува во „рисовите“: Македонија ќе го совлада Косово

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Љубиша Тумбаковиќ смета Македонија ќе обезбеди пласман на Европското првенство.

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Љубиша Тумбаковиќ, ја гледа Македонија како фаворит во бараж дуелот против Косово кој треба да се одигра на 26 март на Националната Арена „Тодор Проески“.

Тумбаковиќ смета дека избраниците на селекторот Игор Ангеловски се поквалитетни од противникот и оди даелу во своите прогнози, тој смета дека Македонија ќе триумфира и во финалето и ќе игра на Европското првенство.

– Секако дека ќе навивам за БиХ и за Македонија во бараж дуелите од Лигата на Нации.  Македонија е во експанзија и според мое мислење, тие е апсолутни фаворити во баражот. Убеден сум дека без големи потешкотии ќе ги решат двата меча во своја корист, и против Косово, и во финалето каде ги очекува подобриот од мечот Грузија – Белорусија – размислува Тумбаковиќ.

Во март кога се играат баражите во Лигата на Нации по што ќе бидат познати сите учесници на ЕВРО 2020, и Тумбаковиќ со Србија ќе биде активен. Во Баражот во групите Ц, Србија во полуфиналето и гостува на Норвешка, адоколку ја совлада, евентуалното финале ќе го игра во Белград против победникот од второто полуфинале Шкотска – Израел.

Љубиша Тумбаковиќ минатата година доби отказ од селекторската позиција во Црна Гора бидејќи не сакаше да ја води репрезентацијата во квалификацискиот дуел против Косово. Не остана долго време без работа, по смената на Младен Крстајиќ во Србија, тој експресно беше назначен за селектор на нашиот северен сосед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот