Селекторот Ѓоровиќ ги одбра кошаркарките за ноемвриските квалификации за ЕП

Пред официјалниот почеток на подготовките за квалификациите за Евробаскетот 2021, селекторот на женската сениорска репрезентација, Владимир Ѓоровиќ ги одреди кошаркарките на кои ќе смета за турнирот во Рига.

За подготовките кои ќе се одржат во Охрид, а потоа и за „меурот“ каде ќе се играат натпреварите од квалификациите во групата И, селекторот одбра вкупно 17. кошаркарки.

– Најголем проблем за мене е што 90% од повиканите кошаркарки, од март па се досега, немаат одиграно некој официјален натпревар. Поради тој факт не можеме да знаеме на што сме, и на кое ниво на подготвеност се наоѓаат. Со самото тоа, некоја рутина и темпирање на натпреварувачка форма е ставено под голем прашалник. Ова е втор ФИБА прозорец, но сега во услови на пандемија, со подготовки во карантин. Во овој „прозорец“ ќе бидеме во значително подобар состав. Посилни за нашиот прв плејмејкер и капитен Митрашиновиќ, која успешно настапува за екипата на Будуќност од Црна Гора. Матеа Николиќ, една од нашите најперспективни кошаркарки која настапува во силната италијанска лига со која се надевам ќе го решиме проблемот со скок поради тоа што таа ги покрива центарските позиции. И секако Девона Бонер која е ВНБА играч, која ова година изигра полуфинале на во најсилната лига на светот. Девона ги покрива позициите на ниско и високо крило,а како најголем нејзин квалитет е нејзината поливалентност, одличен шут, игра во транзиција и во играта еден на еден. Да се повторам, најдобро од сè е овој период во кој ќе бидеме заедно. И ако успееме да реализираме 11. планирани тренинзи во Охрид, и уште пет во Рига, се надевам дека заедно со мојите асистенти Дамјановски и Ашаданов ќе успееме да ги оствариме поцртаните цели -вели селекторот Ѓоровиќ.

СПИСОК НА КОШАРКАРКИ ЗА НОЕМВРИСКИОТ ЦИКЛУС НА КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП
1. Нена Трајчевска
2. Aнџелика Митрашиновиќ (Будуќност Бемакс – Црна Гора)
3. Софија Лазареска (Милано Баскет Старс – Италија)
4. Матеа Николиќ (Кампо Бассо – Италија)
5. Ивана Кметовска (КАМ Баскет)
6. Катерина Поп Димитровска (КАМ Баскет)
7. Ивона Пејковска (Вардар)
8. Сандра Лазареска (Бадел 1862)
9. Драгана Јоловиќ (Бадел 1862)
10. Драгана Петковска (Работнички)
11. Сања Адамовска (Бадел 1862)
12. Наталија Секуловска (Бадел 1862)
13. Јована Петрушевска (Вардар)
14. Габриела Модева (Струга 2009)
15. Марија Димитријевиќ (Бадел 1862)
16. Цветанка Димова (Бадел 1862)
17. Девана Бонер (Конектикат Сан – САД)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот