Селекторот Ашданов со седум кошаркарки ги започна подготовките во СРЦ „Кале“

Фото: КФСМ

Селекторот Александар Ашаданов и асистентите, дочекаа седум кошаркарки во СРЦ „Кале“.

Женската сениорска репрезентација вечерва ги започна подготoвките за третиот и последен квалификациски циклус. Односно последните два натпревари од „А“ квалификациската група за пласман на Евробаскетот 2023 во Израел и Словенија, оние против селекциите на БиХ (9.февруари) во Сараево, и Белгија (12.февруари) во Скопје.

Би се рекло помалку и очекувано, на првиот собир недостасуваа неколку кошаркарки, оние кои својата сезона ја поминуваат надвор од границите на Македонија.

Во СРЦ „Кале“ селекторот Александар Ашаданов, асистентот Атанас Димов, и стручњакот за кондициска подготовка Александар Ацевски, дочекаа седум кошаркарки. На првиот тренинг се појавија: Јелена Антиќ, Ивана Кметовска, Катерина Поп-Димитровска, Михаела Алексовска, Сања Адамовска, Цветанка Димова, и најмладата во ова друштво, Ања Начевска.

„Очекувам утре да се комплетираме, односно да ни се придружат кошаркарките кои играат во странство, во прв ред Анџелика Митрашиновиќ, Нена Трајчевска, и Александра Стојановска, кои се и носители на играта, и заедно со Тијана Митрева, и Милица Николиќ  ќе направиме и некој посериозен тренинг пред заминувањето за Сараево кое е планирано за вторник навечер, и каде два дена подоцна ќе играме против селекцијата на Бих. Не би сакал да се повторувам, но извесно е дека повторно и во овој ФИБА ‘прозорец’ не сме комплетни, односно ја немам екипата која ја посакувам уште од почетокот на квалификациите. Но што е тука, е, со она што го имаме на располагање ќе се обидиме да играме добро, и да пробаме да изненадиме. Реално многу поголема шанса е дуелот со БиХ, која исто така има малку поразличен ростер во однос на ланскиот без најдобрата кошаркарка Џенкиел Џонс. Но, прво да се кпмплетираме, да одработиме она што можеме во овој краток временски период“- вели Ашаданов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот