Селектирањето и намалувањето на отпадот, главна цел за следните четири години

Проект за селекција на отпад „Куќен праг“, основање на ЈП „Развојна агенција на Општина Аеродром“, кое ќе има за цел да работи на поддршка на развојни проекти на локално ниво, нова стратегија за рурален развој на Горно и Долно Лисиче, Основање прва зона за рурален развој – Лисиче, изградба на нова општинска зграда во која ќе има сала за венчавки, „урбани простории“ за складирање кабаст отпад, изградба на голф-терен.

Ова се само дел од проектите и активностите што Општина Аеродром најавува дека ќе ги реализира како дел од Стратегиската програма за локален економски развој на Општина Аеродром за периодот од 2021 до 2025.

Имено, со новата платформа насловена како „Аеродром – Прва општина со европско знаменце“, следните четири години Општината ќе вложува во почиста животна средина, енергетска ефикасност, подобра инфраструктура и поквалитетен образовен процес, но со практикување на европските стандарди и вредности. Платформата ѝ овозможува на Аеродром да се декларира како прва општина која е подготвена во целост да ги практикува европските вредности и стандарди, и да инкорпорира големи европски проекти.

– Ова ќе го направиме заедно со нашите домашни и меѓународни партнери, заедно со Делегацијата на ЕУ ќе ја зајакнеме соработката со невладиниот сектор со интернационалните асоцијации и здруженија, со институциите и граѓаните – истакна градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин.

Раководителот на секторот за работи на градоначалникот на Општина Аеродром, Александар Георгиевски, истакна дека програмските активности од сите сфери на општественото живеење ќе бидат имплементирани преку  програмата која поделена на четири сегменти, а ќе ги опфати буквално сите аспекти на современото живеење. Тој меѓу проектите истакна дека е планирана и изградба на станица за селекција и компостирање органски отпад во интерес на жителите на Лисиче, бидејќи никој досега не ги обработува отпадните листови од дрвата.

– Аеродром во соработка со еколошката мрежа на локални самоуправи и невладини организации од 1 февруари првпат во нашата држава воведува интерактивна европска методологија за одржување на јавната хигиена во општината, во директна соработка со жителите – посочи Георгиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот