Села во Дреновец: Патот Тетово-Јажинце и жичарницата во Попова Шапка ќе станат реалност со нашата програма

Носителот на листата на кандидати за пратеници на коалицијата АА – ААА во ИЕ 6, Зиадин Села, заедно со другите кандидати од оваа област, оствари средба со жители на Дреновец во Тетово. Пред овие жители, Села објасни како програмата „Држава за сите” ќе успее да донесе 500 милиони евра инвестиции за ревитализација на албанските населби.

Според него, победничката коалиција „Сега е време” ќе знае да ги заштити даноците што ги плаќаат албанските граѓани и ќе ги претвори во инвестиции.

– Патот Тетово – Јажинце е пат на кој секојдневно кружат над 9.000 возила. Додека инвестициите одат на експресни патишта и автопатишта во Источна Македонија, каде просечниот сообраќај е само 3.000 автомобили на ден. Со девет илјади автомобили дневно што кружат и даноците и акцизите што ги плаќаат за горивото што го трошат овој пат може да се направи. Некој ги краде нашите пари. Имавме претставници кои не го штитеа албанскиот данок, рече Села.

Зиадин Села зборуваше и за Попова Шапка и за нејзината деградација од страна на сегашната Влада. Овој туристички центар со програмата „Држава за сите”, ќе биде ревитализиран и ќе биде голема помош за планините и општо за тетовци, бидејќи ќе ја одржи економијата жива во овој регион.

– Ќе гарантираме дека туристичкиот центар Попова Шапка ќе биде ревитализиран многу бргу. Жичарницата ќе биде реалност многу скоро, за Тетово и за сите Албанци затоа што таа област дефинитивно ќе мора да оживее, за да се одржат работните места, но и Тетово со економски развој, истакна меѓу другото Зиадин Села пред жителите на Дреновец во Тетово.

На 15 јули со заокружување на бројот 5 на гласачкото ливче, граѓаните ќе гласаат за промена, за еднаква држава за сите, за економски развој и за правда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот