Села: Одредени пратеници ќе ја злоупотребуваат можноста за онлајн-присуство

Зијадин Села / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Лидерот на опозициската Алијанса за Албанците, Зијадин Села, во интервју за „360 степени“, зборуваше за актуелната дебата во Собранието за промена на Деловникот и можно онлајн-присуство на пратениците кои би биле во изолација поради ковид-19.

Тој смета формата во која се предлага оваа промена во Деловникот има лоша тенденција да го направи пратеникот само гласачка машинерија. Додава и дека ќе им се остави простор на пратениците да ја злоупотребуваат оваа можност и да се „изолираат“ и кога нема вистинска причина.

-Прво, убавите работи се кога се донесуваат со консензус, а тука немаше никаков консензус туку се оди еднострано. Од друга страна, вистина е дека Уставот бара физичко присуство за да се одржат пленарните седници, така е и за советите и така натаму. Тоа е дел од обврските и задачите кои ги имаме. Но, тоа што мене ме загрижува и што не е тема на јавноста е проблематика која датира со години и имаше многу ветувања дека ќе се среди како прашање, а тоа е позицијата и улогата на институцијата пратеник. Формата како се предлага оваа промена на Деловник, за жал, зад неа има лоша тенденција за да го смета пратеникот само како гласачка машинерија и ништо друго. Да предложиш за луѓе кои не е возможно физички, болни се и не се присутни, да можат онлајн да бидат присутни и да учествуваат на седница. Што подразбира учеството на седница? Дали пратеникот треба да биде само тој кој ја исполнува бројката од 61 пратеник за да се има кворум или пратеникот треба да биде претставник на народот кој треба да добие збор и да зборува?! … Има одредени лидери на партии кои немаат обичај некогаш да бидат присутни на седници и секогаш ќе се најде причина да се изолираат, бидејќи наводно пиеле кафе со роднина- вели Села.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот