Села: Нашиот член во ДИК се однесува според прописите и законите

Нашиот член во ДИК се однесува според прописите и законите немам никакво право да му кажам ниту јас, а ниту господинот Гаши, да работи против законите, рече денеска лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села на новинарско прашање околу тоа дали нивниот член во ова изборно тело ќе ги потпише записниците за гласачите кои од Чучер Сандево гласаат во општина Бутел.

„Чучер Сандево и Бутел знам дека имаат околу 1000 граѓани. Нашиот член во ДИК се однесува според прописите и законите. Јас немам никакво право да му кажам ниту јас,а нити господинот Гаши да работи против законите. Тој треба да ги почитува законите кои се однесуваат на овој дел,“ рече тој.

На вчерашната седница на Државната изборна комисија беше предложено гласачите кои се наоѓаат на улиците „Бутелска” и „Призренска”, кои припаѓаат на Општина Чучер-Сандево, иако во нивните лични карти е запишана Општина Бутел, да бидат префрлени во избирачкиот список во општината на која територијално припаѓаат, но предлогот беше отфрлен со пет гласови „против” и два „за”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот