Села: “Мини Шенген“ е скандал, преку него се шири руско влијание во регионот

Села додава дека ставот на косовскиот политички фактор да не земе учество во оваа иницијатива е праведна, бидејќи кај албанците има уште не излечени рани.

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во изјава за Косовапрес, рече дека иницијативата за балканскиот “мини Шенген“, е скандал за албанскиот политички фактор без разлика каде се наоѓа тој. Според него, преку оваа иницијатива, Србија и овозможува на Русија да се прошири во земјите од регионот, додека албанците цело време се обидуваа да го отргнат руското влијание во регионот, пренесува Косовапрес.

-Сега, преку оваа регионална иницијатива за мини Шенген, гледам дека не само што Русија не се одалечува, туку преку Србија доаѓа и седи со скрстени нозе во Тирана, во Скопје и во целиот регион. Доаѓа со скрстени нозе преку мини шенгенот и Србија-, изјавил Села.

Села додава дека ставот на косовскиот политички фактор да не земе учество во оваа иницијатива е праведна, бидејќи кај албанците има уште не излечени рани. Овде Села ги споменува изгубените лица од војната во Косово, сексуално малтретирани жени и фактот што Србија не побарала извинување.

-Треба репарација за Косово од страна на српската држава, да се побара извинување и да се признае назависноста на Косово, тогаш може да се седне и да се разговара за регионални иницијативи-, додаде Села.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот