Села: Лајт мотивот на овие избори ќе биде променета кај албанскиот блок, Али Ахмети и ДУИ се факултативни Албанци

Али Ахмети и ДУИ се факултативни Албанци, сезонски Албанци. ДУИ преку предлогот Албанец премиер сака да опстои и да ги задржи гласачите што ги имаше, со што загубата на изборите да не им биде голема. Ова во интервју за МИА го изјави претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, прашан да ја искоментира изборната стратегија на ДУИ за премиер Албанец.

– Мислам дека не е првпат, ова јас го предвидував и најавував за време на локални и претседателски избори. Тогаш ние поддржавме кандидат Албанец за претседател, a Али Ахмети тогаш се шегуваше со нашиот предлог, иако целта наша беше албанските гласачи да ги држиме во албанските политички партии. Од друга страна, јас уште тогаш имам најавено дека ќе ги гледате овие факултативни Албанци. Али Ахмети и ДУИ се факултативни Албанци, сезонски Албанци, кога на локални избори не им пречи со Љубе Бошковски или со кој било  да одат заедно и да се повикуваат на граѓанството. На претседателските избори, бидејќи знаеја дека длабоко ќе губат на тие избори ако излезат со нивен кандидат, правеа кампања и во првиот круг го поддржаа кандидатот на СДСМ. Уште тогаш најавив дека кога ќе дојдат парламентарните избори тие веднаш ќе станат големи патриоти, што не се. Ниту големи Албанци, не се, оцени Села за МИА.

Според него, предлогот на ДУИ излегол по анкетите на ИРИ, според кои, како што кажа Села, ДУИ бил зад Алијанса за Албанците.

– Тоа го натера Али Ахмети да излезе со овој предлог, ама и не е првпат. Паметите ли во 2014 кога Али Ахмети излезе со идејата за консензуален претседател, тоа беше единствена можност Албанците да бојкотираат, а кога си на власт да можеш да го контролираш за да не излезе, за да победи Иванов уште еден мандат. И две недели после тоа беа парламентарните избори. ДУИ тие две недели зборуваше и ветуваше Али Ахмети дека ние веќе кога немаме премиер и претседател што во државата не е консензуален, ние нема да попуштиме со претседателот на Собранието да биде Албанец. Што се случи, одма после изборите пак се гушкаа со Груевски и со ВМРО, и дури и правеа натпревар со ДПА, кој прв ќе го гласа Трајко Вељановски за спикер на Собранието. И на прашање на новинар зошто ги лажеше Албанците, Али Ахмети рече „јас сум разумен политичар”, рече Села.

Тој, вели Села, уште е разумен политичар, ама, како што рече, вака си прави игри пред гласачите и го крева адреналинот кај Албанците за да придобие што повеќе гласови. -Од друга страна, за жал во неговата намера му помагаат и двете македонски партии, за нив прилагоден партнер би бил ДУИ, оценува Села за МИА.

Претседателот на Алијанса за Албанците, во интервјуто за МИА, оценува дека не треба да има валкана кампања, во која речиси секојдневно одекнуваат „бомби” и оти тоа треба да биде предмет на судството, а не на политичките партии.

-Во јавноста имаше многу прислушувани разговори од страна на ДУИ со секакви квалификувања од нивниот лидер, што во однос на она фамозното „Индијанци” на Гордана Јанкуловска, квалификувањата на Али Ахмети за Албанците беа уште полоши. Без разлика, не се занимаваме со таа тема. Ние сакаме да покажеме дека сме различни, дека треба да дојде промената, не само физички, но и суштински треба да се променат работите во ова општество, вели Села за МИА.

Со лидерот на Алијансата за Албанците разговаравме и за клучните темели во нивната програма со кои ќе ги привлечат гласачите, за тоа како ќе се борат против корупцијата, за можни предизборни коалицирања…

Изборната кампања е во пол ек, настапувате како дел од коалицијата „Сега е време” – Алијанса за Албанците и Алтернатива. Накусо кажете ни ги петте клучни работи со кои ќе ги привлечете гласовите на граѓаните?

-Нашиот слоган е „Сега е време” за промена. Од друга страна, нашата програма се вика „Држава за сите”, бидејќи цениме дека досега Република Македонија и Северна Република Македонија државата немала ист пристап кон сите граѓани што живеат во Република Македонија и од друга страна преку ова сакаме да решиме некои отворени прашања коишто до ден денес се актуелни, веќе над 30 години се нерешени. Имаме шест главни столбови од кои првиот столб е еднаквост, вториот столб е рамномерен развој и тоа што стои во законите треба да се почитува, нели Законот за рамномерен економски развој никогаш не се почитувал, било од бившиот режим било од сегашната Влада или налик на режим некаков. Дигитализација и животна средина и многу други мерки што треба да се имплементираат. Една од нашите главни цели за првиите сто дена е да се донесе закон за правична застапеност. Треба да имаме таков закон, тоа е уставно гарантирано право за сите граѓани и треба преку законот еднаш засекогаш да се стави крај на оваа манипулација која ден денес се гледа и го имаше пред избориве кога само со една изјава некој си земаше за право да пишува дека се чувствува Албанец, Турчин или Ром и да им го заземе работното место на Албанецот, Турчинот, и Ромот нели. Тоа не треба да се дозволи и преку закон на тоа ќе се стави крај. Нашата платформа е направена како последица на средби со граѓани и јас лично сум бил присутен во сите села и населби во државата пред да почне кампањата и пред да се прогласат изборите на 12 април.

Знаете дека уште ден денеска ретко може да се најде село што го има решено проблемот со вода за пиење, а од друга страна не само села, туку имаме и градови што го немаат решено овој проблем. Во нашата програма ние планираме инвестиции директни во селата и населбите во градовите кои се останати без никаква инвестиција. Тоа значи од 400 милиони евра просечно колку државата троши на капитални инвестиции, 100 милиони ќе се доделат секоја година. Ветуваме 500 милиони евра за инвестиции директно во селата каде што има проблеми со инфраструктура, со цел после четири години  овој проблем веќе да биде решен и да немаме граѓани кои секогаш им имаат ветувано веќе 20 години дека ќе го решат тој проблем, никако го немаат решено.

Постојат и други работи, една од тие работи кои треба да се решаваат, тоа го имаме исто така во програмата, треба да има промени во Законот за државјанство и не треба да дозволиме граѓани кои живеат тука пред осамостојување на Република Македонија до ден денес да немаат државјанство, а тоа значи во време на оваа пандемија немаат ни здравствно осигурување. Има случаи кога син или ќерка наместо да се грижат за тоа што го имат изгубено најмилиот, треба да бараат пари негде за да го земе од болница бидејќи нема здравствено осигурување. Значи секое барање што е направено и што е постаро од пет години, со автоматизам треба да земат државјанство и да биде граѓанин на Република Северна Македонија. Не треба да дозволиме преку некој допис од УБК, стара баба или дедо над 80 или 90 години биле ризични за државата и да не земат за државјанство. Такви случаи ги имаме секојдневно. Преку законот за правична застапеност, не е само етничкиот аспект, преку тој закон сакаме да решиме и други проблеми, половата еднаквост на пример, тој закон треба да служи и за тоа. Не се решава половата еднаквост преку една третина или пола претставени жени во Собрание, или со волјата на некоја политичка партија дека ќе имаме толку министри или функционери. Тоа што е важно е администрацијата, минимум треба да биде 50-50 и тоа ќе се реши преку овој закон. Ние живееме во држава каде што над 10 отсто од вкупниот број на населението се граѓани со посебни потреби и таа категорија на граѓани треба да биде предвидена во овој закон за правична застапеност. Значи ова е многу поопширна димензија, мислам дека треба како политики треба да се грижиме за секој граѓанин.

Изборната кампања е во полн ек, се води во специфични услови поради пандемијата со Ковид 19, сепак не се откажавте од директни средби со граѓаните. Како се грижите на тие средби се да е согласно со протоколите, што до колку ситуацијата излезе од контрола?

-Ние имавме можност што за жал не ја искористивме како мала држава, да бидеме во порелаксирана ситуација сега. За жал, Владата техничка таква каква што е, со сите актери освен Алијансата за Албанците, ние внатре и дел од Владата, не не слушаше. Ние имавме можност точно да имаме јасна слика за секоја куќа која е позитивна и која не е. Во државава немаме за жал повеќе од 400 илјади евра максимум 500.000 домаќинства. Само со пет милиони евра серолошки тестирања можевме да гледаме во секоја куќа, каде има заразени со Ковид, каде што кога овој серолошки тест ќе беше позитивен, ќе се правеше и ПЦР тест. Мислам дека ова немаше да чини повеќе од 10 милиони евра. И бевме во можност не да ги затвораме бизнисите, туку да ги ставаме во карантин за 14 дена толку треба, секое домаќинство кое ќе излезе позитивно. Дадовме вакви предлози, не не послушаа, не послушаа во делот дека треба да им се даде помош на студентите и на граѓаните и очекуваа да дојдат што поблиску изборите за да на некаков начин легално ги купуваат гласачите. И мислам дека и голем проблем направи волјата на Владата на Заев на пример, кој по секоја цена се обидуваше да одиме на брзи избори. Нашиот предлог беше крајот на јули баш заради оваа причина ќе имавме време да продолжиме малку со мерките и денеска ќе бевме во порелаксирана ситуација. Ние се обидуваме да ги почитуваме мерките. Јас цело време кога сум на терен носам маска, делиме маски кога имаме собири, нормално дезинфициенси итн. Дел од нашите говори е за да се запазуваат мерките. Ја искористувам можноста да им порачам на граѓаните, на денот на изборите да не се плашат, нема никаков ризик ако држат маска и држат растојание метар и пол минимум, и да биде заразен другиот што е тука мислам дека не постои никаков ризик. И да ризично е, многу, не е толку лесно и за мене. Не заборавајте дека јас не само што сум претседател на политичка партија, туку сум и татко, имам деца, имам сопруга и треба да се вратам дома. Ситуација во која се враќаш дома и се пазиш да не бидеш близу до децата, не е баш лесно. Постои овој дел, кој е болен. Јас имам три деца од кои едната е мала три и пол години и тешко да одиш и да ја гледаш од далеку.

-Како ја оценувате кампањата досега, сведоци сме на валкана пропаганда, бомби, каква кампања спроведувате вие како коалиција?

Ние не сме се занимавале со ова, со овој дел. Мислам дека кампањата и изборите за мене треба да бидат свеченост на граѓани, бидејќи тоа е логиката на изборите кога силата е во нивни раце. Треба да им биде јасно дека денот на изборите, ние политичките лидери, претседатели, ние сме претседатели, а сакаме да го употребуваме зборот лидери, но вредиме нула моќ сабајле во седум часот и навечер ќе вредиме толку колку што ќе ни гласаат граѓаните во еден, тоа значи деката силата е во нивни раце на денот на изборите, а не на политичарите, а ниту на тие кои ги уценуваат граѓаните, а такви ги има многу. Не треба да има кампања со бомби, со прислушувани разговори, мислам дека тоа треба да биде предмет на судството, а не на политичките партии. Ние не сме воделе таква кампања, иако има многу во јавноста прислушувани разговори од страна на ДУИ и секакви квалификувања од нивниот лидер, што во однос на она фамозното „Индијанци” на Гордана Јанкуловска, квалификувањата на Али Ахмети за Албанците беа уште полоши. Но без разлика, не се занимаваме со таа тема. Ние сакаме да покажеме дека сме различни, дека треба да дојде промената, не само физички, но и есенцијално да се променат работите во ова општество.

ДУИ излезе со мотото прв премиер Албанец и го промовираше Насер Зибери за нивен кандидат. Дали сметате дека ДУИ со ова сака да го придобие албанскиот електорат и да преземе од гласачкото тело на другите албански партии?

Не, ДУИ сака преку овој предлог да опстанува и да ги задржи гласачите кои ги имаше барем и загубата да не им биде толку голема. Мислам дека не е првпат, ова јас го предвидував и го најавував за време на локалните и претседателските избори. Тогаш ние излеговме, поддржавме кандидат Албанец за претседател, а Али Ахмети тогаш се шегуваше со нашиот предлог, иако наша цел беше албанските гласачи да ги држиме во албанските политички партии, повеќе од јасно ни беше тоа, како стратегија. Од друга страна, уште од тогаш јас имав најавено дека ќе ги гледате овие факултативни Албанци, Али Ахмети и ДУИ се факултативни Албанци, сезонски Албанци. Кога се локални избори, не им пречи со Љубе Бошковски, со кој било друг да одат заедно и да се повикуваат на граѓанство, на претседателските избори бидејќи знаеја дека длабоко ќе губат на тие избори ако излезат со нивен кандидат. Правеа кампања и од првиот круг го поддржаа кандидатот на СДСМ и уште тогаш најавив дека ќе гледате дека кога ќе дојдат парламентарните избори тие одма ќе станат големи патриоти, што не се, ниту големи Албанци, не се.

Мислам дека таков предлог излезе после анкетите кои се направија од ИРИ, единствени анкети што ги погодија резултатите и во Хрватска, сите други анкети од други компании што се правени сите промашија резултат, значи се плаќаат не за да мерат мислењето, туку да создаваат мнение. Оваа анкета беше  нарачана од Ипсос. Тоа го натера Али Ахмети да излезе со овој предлог, ама и не е првпат. Паметите ли во 2014, кога Али Ахмети излезе со идејата за консензуален претседател, тоа беше единствена можност Албанците да бојкотираат, а кога си на власт можеш да ги контролираш за да не излезат, за да победи Иванов уште еден мандат и две недели после тоа беа парламентарните избори. ДУИ тие две недели зборуваше и ветуваше Али Ахмети дека ние веќе кога немаме премиер и претседател што во државата не е консензуален, ние нема да попуштиме со претседателот на Собранието да биде Албанец. Што се случи, веднаш после изборите пак се гушкаа со Груевски и со ВМРО, и дури и правеа натпревар со ДПА, кој прв ќе го гласа Трајко Вељановски за спикер на Собранието. И на прашање на новинар зошто ги лажеше Албанците, Али Ахмети рече „јас сум разумен политичар. Тој уште е разумен политичар, ама вака си прави игри пред гласачите и малку да го крева овој адреналинот кај Албанците за да придобие што повеќе гласови. Од друга страна, за жал, во неговата намера му помогаат и двете македонски политички партии. За жал, уште останува дека за нив прилагоден партнер би бил ДУИ – и за ВМРО и за СДСМ, бидејќи најверојатно низ години станале мали луѓе кои влегле во фиоките на службите, а тоа не е здраво и мислам ако тоа е причината, македонските политичари грешат, бидејќи долгорочно тоа не создава стабилност, туку тоа прави проблеми во државата. Нели ја слушнавте големата идеја дека ако ДУИ уценува, тие се залагаат дека ќе направат влада само со ВМРО и СДСМ, што е ризично. Целта е само за да му дадат поддршка на нивниот пријател, кој губи на терен секој ден од нас.

Лидерот на СДСМ во интервјуто за МИА истакна дека сте во комуникација и не ја исклучува можноста за постизборно коалицирање со Вас. Врз кои темели би се базирало евентуалното коалицирање?

-Врз тоа што одлучат граѓаните. Јас неколку пати сум го повторувал ова дека денот на гласање, гласачите ќе гласаат за нас и ние ќе добиеме легитимитет, ама тоа за што тие ќе гласаат е програмата и нашата идеја. Значи откако ќе добие легитимитет нашата платформа „Држава за сите”, во тој случај јас не сум веќе Зијадин Села, туку сум ветувањето и програмата којашто тие граѓани ја имаат гласано и секаква коалиција ќе се базира на тоа што граѓаните ќе го гласаат преку нашата програма.

Албанските партии како да ја засилија националистичката реторика на десет дена пред изборите. Во текот на вашите предизборни активности деновиве порачавте дека ако СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ планираат Влада само со македонски претставници, Албанците ќе формираат Влада со албански политички партии, како да ги толкуваме ваквите изјави?

-За жал ние живееме во едно општество каде што јас како претседател на партија треба да играм и улога и на аналитичар. Мене би ми било драго ако слушнам некој македонски аналитичар или интелектуалец да го кажеше тоа што јас сум го рекол. Тоа е скратено, не е тоа целосната изјава, јас поточно сум рекол вака, сум ги запрашал Заев и Мицкоски – дали сте свесни дека преку вакви коалицирања, наводно, што нема да се случи, свесни се тие, вие ги исклучувате од системот Албанците. Дали, пак прашувам, кога некој биде исклучен од системот, Албанците во овој случај, има право да го бојкотира системот, а кога веќе системот се бојкотира дали имаат право да формираат паралелен систем. Значи тоа е моја препорака, да не си играат со такви теми, бидејќи ако играат на вакви теми овие ќе бидат последиците. Мене драго би ми било тоа да го кажат интелектуалци, аналитичари, ама за жал ние имаме поларизирано општество, немаме еднакво општество, бидејќи еднакво општество и секој ден граници за Албанците, не е тоа едно општество за сите. Не може да биде едно општество за сите, а од друга страна да не се дозволува во Чашка да има паралелки на албански јазик или во Идризово, или до ден денес мостот Лока во Сарај да не се гради, иако е изборно ветување од 2016 од СДСМ. Какво општество е тоа? А тие граѓаните се принудени секој ден за да стигнат до Скопје да направат плус 20 или 15 километри. Тоа се трошоци, губење време итн. Тоа е точната моја изјава, а мислам дека ако грешам во оваа логика ако некој те исклучува од системот, јас сум спремен да дебатирам, и на крајот на краиштата законите од Њутн уште се важечки, ако не важат тоа е друга работа.

Колку пратеници очекувате да добиете со Вашата коалиција?

-Не сакам да играм со бројки ако често прашувам, даваме бројки мислам слободно да ви кажам, со добра намера, не е коректно вакво прашање од Ваша страна. Јас реков, Ние контролираме граѓани. Јас реков на денот на изборите силата е во рацете на граѓаните. Ќе добиеме онолку колку што ќе не гласаат.  Мислам дека коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива ќе победи на овие избори, се обидуваме разликата да биде уште подлабока со ДУИ, ама тоа ќе го кажат граѓаните.

Минатата недела заедно со вашиот коалиционен партнер, претседателот на Алнтернатива, Африм Гаши во Приштина имавте средба со Албин Курти, во седиштето на Самоопределување. Која беше целта на ова посета?

-Политичка ситуација во Македонија и во Косово, последните збиднувања таму и од друга страна фокусот беше повеќе изборите тука во Македонија и неговата поддршка за промената која е потребна тука во Република Северна Македонија. Не заборавајте дека за Албанците овие избори се важни и за нешто друго. Осумнаесет години тие што владеат со албанското општество, тука во Република Северна Македонија – тоа е ДУИ. Дали паметите кој беше првиот збор на Зоран Заев по десет години владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Тој, рече, ни фали демократија. Веќе десет години не е променета власта. Кај Албанците 18 години не им е променета власта и локална и централна. Локална некои градови да, ама не многу. Истиот после оневозможи кај Албанците да дојде демократијата преку помагање директно на ДУИ  и Али Ахмети на локални избори. Значи овие избори се важни за Албанците заради тоа што ние со промената сакаме да ја вратиме демократијата внатре во нас. Има многу теми во секојдневието помеѓу граѓани и со право можеби сметаат дека нашите политичари не се тоа што треба да бидат. Знаете што, денот кога се се едуцира политичарот е денот кога  гласа граѓанинот. Која била потребата за да има ДУИ реформирани политичари кога никогаш не биле казнети од страна на граѓаните. Затоа што повеќе имаме промена во политичката партија која владее, толку поблизу ќе ни биде демократијата, бидејќи одговорно секоја политичка партија дава кога е во опозиција. Од една страна ќе се отворат досиејата на сите функционери и ќе се гледа начинот како владееле, а од друга страна тоа е порака за сегашниот функционер кој ќе се избира дека некој ден ќе дава одговорност. Тоа доведува до минимизирање на корупцијата. Не тврдам дека ќе исчезне целокупно, ама тоа е преку казнување и промена, ние филтрираме политичари и го едуцираме политичкиот живот. Мислам дека таа промена е здрава да се случи, се случи во македонскиот блок треба да се случи и кај албанскиот блок. И лајт мотивот на овие избори ќе биде променета. Албанците ова го имаат разбрано.

Кога веќе ја спомнавте корупцијата, последните анкети покажуваат дека граѓаните се уште немаат доверба во правосудството. Што вие како коалиција ќе преземете ако сте во власта за промена на оваа перцепција?

И со право. Тоа го имаме ставено во нашата програма. Ние се обидуваме да победиме и ќе победиме и да бидеме дел од власта. Владата на Република Северна Македонија во првите сто дена треба да се обрати со барање до Европската Унија, особено кон главните членки на ЕУ, Германија, Франција и Холандија со кои ќе бараме тим судии и правобранители кои треба да дојдат тука во Македонија и да ги отворат сите затворени случаи, во кои има сомнеж за политички, а не судски одлуки. Сите тие кои се затворени предмети од минатото треба да се отворат, меѓу кои и монтираните политички процеси. Второ ќе бараме мониторингот во Судот за организиран криминал тука во Скопје, истиот мониторинг што ЕУ го плаќа и го финанисира за земјите од Источна Европа, како што се Украина, Молдавија мислам дека таму има веќе тоа ништо нема да не чини нас како држава и за да бидат присутни во секое рочиште што ќе се одржи во ова судство и нормално со нивно присуство не може туку така одлуките на судиите да бидат политички или етнички настроени.

За жал, уште ден денес одлуките на нашите судови се врз основа на име и презиме и етничка припадност и политичка припадност која ја имаш. Тоа е големата вистина за жал. Еве денес кога зборуваме убиецот на малиот четиригодишен Алмир е слободен, се преквалификуваше случајот од убиство, што сите граѓани на Република Македонија имаа можност да го гледаат преку видео, имаше камери, со обид да се убие целото семејство и загина едно четиригодишно дете, Албанец кој не беше ни свесен за етничката припадност, а од друга страна Бобан Илиќ денеска е слободен затоа што случајот се преквалификуваше во сообраќајна несреќа со висок ризик. Исто така случајот со Саздовски, за жал, при тепачка загина млад човек кој по етничка припадност беше Македонец, а насилниците Албанци. Не тврдам дека треба да бидат слободни, но не треба судството да ги казни и да се квалификува случајот од физичка пресметка со последица смрт, на свирепо убиство и како резултат сите тие членови на овие спортски навивачки групи се казнети по 19 години секој од нив затвор. А сега ги гледаме челниците на ДУИ дека им организираат прослави по театари итн., а од друга страна никој не гледам да го крева гласот за оној несреќен случај, да, треба да бидат казнувани за да добијат поука, но не 19 години. Тоа не треба да биде судството. И за жал, преквалификацијата на слујчајот беше донесена како последица на еден протест од страна на навивачите, толпа повика на правда. Кога правдата ја прави толпата, се враќаме на две и пол години илјади години назад во античката демократија, грчката демократија, и таа држава, што поаѓа од повиците на толпата – е мизерна држава. Тоа е диктатура, а не е демократија. Мислам дека многу треба да се работи во правосудството. Ветингот треба што побргу да се направи, вистински ветинг. Скандалозна е изјавата на поранешниот премиер, сегашен претседател на СДСМ, кој вели дека ние не смееме да правиме ветинг заради тоа што ќе останеме без судии. Тоа е признавање дека ние имаме корумпирано правосудство и корумпирани судови ни делат правда. Од друга страна, мислам дека граѓаните со право се згрозени и не се задоволни, заради тоа што се што се направи – се сменија пријателите, криминалните групи, кои беа контролирани од Сашо Мијалков, сега се пријатели на СДСМ.

Носител сте во Шестата изборна единица на коалицијата, каде што ќе се тркате за гласовите со Касами, Ахмети… Какви се вашите очекувања во однос на поделбата на гласови меѓу албанските гласачи, ДУИ повеќемина политичари веќе ја декларираат дека е добро да замине во опозиција?

ДУИ ќе замине во опозиција. Јас обично го поздравувам, бидејќи петка имаме број, му велам Али во опозиција. Јас конкурирам со Али Ахмети, а кога велите за Билал Касами исто како да велите дека конкурирам со Радмила Шекеринска, на пример. Таму конкурираат Алијансата и ДУИ, значи јас и Али Ахмети и ако се земе предвид коалицијата „Можеме”, да, и со Зоран Заев.

За крај, која е Вашата порака до читателите и гледачите на МИА?

Која е мојата порака – тоа што секој го кажува, а и треба да се повтори. Да се пазат и да ги поддржат мерките кои се предложени, дистанца, маски, почесто миење раце, тоа да се запази бидејќи на тој начин, пазејќи се себе си ги штитат и своите најмили. Од друга страна, ги повикувам сите Ваши гледачи и тие што Ве следат, на денот на изборите да излезат во што помасовен број. Нема никаков ризик ако носат маски и ако држат дистанца, и треба да сите да гласаат за оној за кој тие самите размислуваат, и мислам дека ние треба да продолжиме на патот кон Европската Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот