Села – Клеменс Која: Пописот на населението мора да биде веродостоен и во согласност со стандардите на Евростат

Претседателот на Алијансата за Албанците Зиадин Села се сретна со  шефот на мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клеменс Која.

Денес претседателот на Алијансата за Албанците, г. Зиадин Села се  состана со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс  Која. На оваа средба, претседателот Села го информираше амбасадорот Која за актуелната политичка состојба во земјата, со посебен акцент на економската криза предизвикана од пандемијата на ковид- 19, како и напорите за економско закрепнување.

Во овој разговор се дискутираше и за прашањето за попис на населението и домаќинствата, подготовка на законот за попис и пописниот процес што се очекува да започне следната година, што мора да биде веродостоен и во согласност со стандардите на Евростат.

Другата главна тема на оваа средба беше темата за функционирање на  владеењето на правото, која е поврзана со почетокот на преговорите со  ЕУ, како и сите предизвици што можат да се појават во текот на овој  процес. Претседателот Села го информираше амбасадорот Која за континуираниот придонес на Алијансата за Албанците во процесот на  евроинтеграција, ветувајќи дека Алијансата за Албанците секогаш ќе  биде поддршка на секој политички процес што би го забрзал членството  на Северна Македонија во ЕУ како единствена економска алтернатива и политика на сите граѓани на Северна Македонија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот