Села: Ќе инвестираме 500 милиони евра за ревитализација на албанските населби

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива и кандидатите за пратеници од шестата изборна единица, денеска ја претставија програмата „Држава за сите” пред жителите во населбите на Општина Теарце.

Носителот на листа од 6 ИЕ и претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села зборуваше за многуте проблеми на албанските села, на кои им недостасуваат основни услови. Села истакна дека коалицијата АА-ААА предвидува инвестиции од 500 милиони евра само за албанските населби.  

-Ние ќе бидеме имиџ на политичарот кој ќе биде избран и го исполнува тоа што го ветува. Никој од вас нема да слушне празни зборови и големи позиции затоа што нашето политичко дејствување не е само за поединецот како индивидуа. Нашата политика е поврзана со проблемите, проблемите на Албанците, каде и да се. Во нашата програма ќе видите, предвидени се 500 милиони евра инвестиции за четири години власт директно за ревитализација на албанските населби, истакна Села пред жителите на Нераште и Доброште.

Села појасни дека програмата е направена директно од барањата и загриженоста на граѓаните, бидејќи пред неколку месеци тој самиот ги поминал сите албански села, каде разговарал со жителите на секое село. Ова, објасни тој, е направено со цел внимателно да се допрат сите проблеми на граѓаните.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот