Села: Груби и Беџети да се повлечат од институционалниот и политичкиот живот
Откако поранешниот вицепремиер, Артан Груби се најде на црната листа на САД, претседателот на едното крило на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, ја поздрави одлуката. Тој ги повика Артан Груби и апелацискиот судија Енвер Беџети, да се повлечат од институционалниот и политичкиот живот и како граѓани да се соочат со обвиненија.
Во објава на Фејсбук Села напиша:
„Алијансата за Албанците продолжува да биде еден од политичките актери кои ги осудуваа и јавно ги осудуваат врските на судството со политиката и олигархијата. Затоа, денеска ја поздравуваме последната одлука на САД, најважниот стратешки партнер на Македонија и албанскиот народ.Борбата против корупцијата означува важен чекор во градењето на владеењето на правото и нашата иднина. Ги повикуваме апострофираните да се повлечат од институционалниот и политичкиот живот и како слободни граѓани да се соочат со обвиненија.Индивидуалната одговорност е камен-темелник на една модерна, непристрасна и демократска држава.Алијансата за Албанците и јас како нејзин претседавач, остануваме доверлив и лојален партнер на Соединетите Држави, споделувајќи ги заедничките вредности на демократијата, слободата и градењето на владеењето на правото“, напиша Села.