Села: Функционери на ДУИ имаат приватни имоти во Драч, Албанија

Фото: Принтскрин

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села во своето гостување во емисијата “Pressing“ на косовската телевизија „Т7“, изјави дека за албанците ДУИ била полоша од македонските партии.

-Иако Заев не успеа да ги реализира своите ветувања, тој беше подобар од Груевски во некои политики, но ние уште ги бараме нашите права. Албанците ме прашуваат кои се полоши, СДСМ или ВМРО, јас им велам дека полоша од нив е ДУИ- изјави Села.

Меѓу другото, Села кажа дека крајно време е ДУИ да замине во опозиција. Села, исто така, рече дека поседува информации за функсионери на ДУИ кои имаат приватни имоти во Драч, Албанија.

Според него овие имоти се стекнати на сомнителни начини и бара од албанската држава да ги истражи овиее наоди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот