Села: Дејстувањето на Мемеди ja среди неправдата направена кон Алијансата

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села денеска не сакаше да ја коментира одлуката за предавање на пратеничкиот мандат од страна на Весел Мемеди.

Тој рече дека со оваа дејстување се среди неправда што му е направена на неговата коалиција, бидејќи Мемеди беше избран за пратеник токму од оваа коалиција на парламентарните избори од 2016 година и дека тој го сврте грбот на оваа коалиција.

Села рече дека преминувањето на пратеничкиот мандат кај Арта Точи, ќе ја засили политичката позиција на Алијансата за Албанците и ќе го подигне гласот на албанската опозиција, пренесува Алсат М.

Прашан дали зборувал со госпоѓата Точи, дали ќе го прифати пратеничкиот мандат, Села рече дека за тоа зборувал кога е напревен пратеничкиот список и дека нема потреба да се дискутира.

Запрашан и за тоа зошто албанската опозиција во текот на вчерашниот ден беше пасивна за време на дебатата во Собранието за владината реконструкција, тој одговори дека во текот на денешниот ден е четвртиот на списокот и дека ќе ги произнесе ставовите на албанската опозиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот