Села: Бугарија има територијални претензии кон Македонија

Зијадин Села / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Бугарија се уште има територијални претензии кон Северна Македонија, вели лидерот на АА, Зијадин Села за ТВ21, додавајќи дека политичките случувања во регионот, под превезот на евроинтегративните преговори, ја враќаат темата на почетокот на 20 век.

„Темата што ја отвори Бугарија во последно време, со неприфаќање на македонскиот идентитет и јазик, од моја гледна точка, тоа што не се кажува во овој случај, е дека Бугарија и натаму има територијални претензии кон Македонија“, вели Зијадин Села.

Села исто така рече дека спорот Скопје-Софија, во основа го содржи прашањето за неколку историски ликови, но проблемот е поголем од тоа, а албанскиот политички фактор воопшто не учествува на теми од ваква важност.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот