Села: Би бил среќен ако партиските структури побараат моја оставка како претседател на партијата

Зијадин Села / Фото: Слободен печат, Дестан Јонузи

Во емисијата „Патот кон…“ на ТВ Алсат претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, одговори на прашањето дали ќе си поднесе оставка по резултатот на локалните избори.

„Обично политичар треба да поднесе оставка во моментот кога ќе има нешто во власта и ќе ја загуби власта. Влегуваме во тотален хаос како општество воопшто. Би бил среќен ако партиските структури побараат моја оставка како претседател на партијата. Досега не ја побарале. Изборите сè уште траат, а тука е и Дебар…“, изјави Села.

Претходно тој посочи дека промените се добри, бидејќи ја поттикнуваат конкурентноста. Како што рече тој, се надева дека граѓаните ќе бидат насоечни кон промени.

Видео на денот