Села бара разбирање од Хоти за ПЦР тестовите – на Твитер напиша дека ваквата мерка е политички мотивирана

Претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села бара разбирање од косовскиот премиер, Авдалах Хоти за владината одлука од македонска страна според која државјаните на Косово при влез во земјава треба да приложат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.

Како што наведува Села во објавата на Твитер, овие мерки се политички мотивирани поради стравувањата од изборите на 15 јули.

– Мерките што ги спроведува Владата на Северна Македонија против граѓаните на Косово на заедничките гранични премини се корона политика мотивирана од стравот од изборите. Го молам премиерот Авдулах Хоти за разбирање и за непреземање слични мерки против граѓаните на Северна Македонија зашто со тоа би се казниле граѓаните на двете држави, особено иселениците, кои се соединуваат со своите семејства во овој момент. По 15 јули ваквите пречки меѓу двете земји ќе се бидат во историјата, пишува Села на Твитер.

Прочитајте и...  УНИЦЕФ: Децата во Јужна Америка под ризик и од урагани

На 26 јуни земјава ги отвори границите без ПЦР тест за КОВИД-19 и за 14-дневна изолација, но поради ситуацијата, од вчера стапи во сила владина одлука со која се бара државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ при влез во земјава да приложат негативен PCR тест не постар од 72 часа. Како што објасни министерот за здравство, Венко Филипче оваа мерка е донесена согласно сознанијата за корона ситуацијата кај овие земји и со цел заштита на нашите граѓани. Алијанса за Албанците – Алтернатива, пак, во денешното соопштение во врска со Твитер објавата на Села, истакнува дека причината е силната поддршка на коалицијата за претстојните избори.

– По силната политичка поддршка што дојде од Приштина за коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива и која се очекуваше да кулминира во текот на последните денови од кампањата, Владата на Северна Македонија ги врати мерките за негативен ПЦР тест за граѓаните на Република Косово и некои други соседни земји со сомнителни епидемиолошки оправдувања, стои во соопштението.

Прочитајте и...  Гостивар на врвот од дневната „ковид статистика", 22 новоинфицирани

Прочитај повеќе

Германските работодавци со апел до владата: Потребни ни се работниците од Западен Балкан

Слободен печат

Трамп: Штетата на карантинот е поголема од неговата корист

Слободен печат

Прв месечен раст на буџетските приходи во јули од почетокот на КОВИД-19 кризата

Слободен печат

Грчкитe гранични премини ,,Дојрани“ и „Ники“ остануваат затворени за сообраќај

Слободен печат

Трагедија во Малезија: Момче исчезнало, па му ги пронашле остатоците во стомак на крокодил (ВИДЕО)

Слободен печат

МТСП: Исплата на паричната помош од социјална и детска заштита од денес во три групи

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Ужас во Шведска: Дванаесетгодишно девојче настрада при престрелка, ја погодил залутан куршум

Слободен печат

Истражување: Италијанците со антитела за коронавирус шест пати повеќе од официјално заразените

Слободен печат

Слика со портрет на Македонец од 1726 година – најстар запис за населувањето на Македонците во Војводина

Миа Агенција

Регистрирани се 390 прекршоци за неносење маска

Слободен печат

Ураганот Исаја ја погоди Северна Каролина

Слободен печат

Д-р Андоновски: Маската задолжителна за деца над 10 години, треба да има задолжен човек на самиот влез во училиштата кој ќе мери температура

Слободен печат