Секташки ритуал во Панама: Ги палеле, сечеле и тепале со стапови и Библии

Фото: Профимедиа

Безбедносните сили успеале да спасат 14 членови на сектата кои биле врзани и удирани со дрвени стапови и Библии.

Седум луѓе се убиени, а 14 биле подлжени на тортура во еден религиозен ритуал во џунгла во Панама. Меѓу повредените и измачуваните имало трудници и неколку деца.

За време на ритуалот, 10 осомничени кои биле и лидери на сектата „Ново боженствено светло“ ги опкружиле луѓето, ги мачеле, тепале, палеле и сечеле со мечови за да се покаат за своите гревови.

Според тамошните медиуми, сето тоа се случувало на ранч во кој била изградена импровизирана црква. Сектата била сопрена откако полицијата со хеликоптер пристигнала на местото.

Безбедносните сили успеале да спасат 14 членови на сектата кои биле врзани и удирани со дрвени стапови и Библии.

Инаку, тројца од лидерите успеале да избегаат.

На два километри од ранчот каде што се спроведувал ритуалот полициските службеници пронашле тела на шест деца и една бремена жена. Еден од осомничените е дедо на убиените деца.
Според светските медиуми, станува збор за релативно нова секта која делувала во изминатите три месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот