Сексуално злоупотребувал кози, овци и крави, а неговите болни намери ги открил бикот

Андреас Ф. повеќе години на својот имот во едно село во Швајцарија животните ги третирал како сексуални објекти. Неговиот перверзен нагон е откриен откако за време на еден ваков настан, бил повреден од бик. Мажот на возраст од 30 години злоупотребувал, овци, крави, телиња, кози и свињи, но и многу други животни на неговиот имот, пренесе „24 сата“.

– Признавам дека тоа го правев и ги прифаќам последиците – изјавил Андреас за новинарите на еден локален весник. Во меѓувреме, тој добил и правосилна пресуда за мачење на животни. Според обвинението, мажот од есента во 2011 речиси секој ден ги злоупотребувал животните во шталата, откако претходно ги врзувал.

Според весникот, неговото однесување не би било откриено доколку немал „фетиш“ и за машки животни. Додека злоупотребувал еден бик, Андреас Ф. се здобил со тешки внатрешни повреди и морал итно да биде пренесен во болница. Сопственикот на бикот рекол дека човекот често помагал на нивниот имот, но дека не знаел оти правел такви „болни работи“.

Пред судот, Андреас Ф. рекол дека „нагонот бил посилен од него“. Тој додал дека се чувствувал лошо бидејќи, според неговото мислење, „с*ксот пред брак е грев, без оглед дали е со луѓе или животни“. Тој тврдел дека некои животни го прифатиле да имаат с*кс со него.

Анфреас Ф. сега мора да плати казна од 4500 франци и три години да оди на лечење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот