Сексуалните апетити на најпосакуваните жени во светот: Клеопатра во тек на една вечер можела да води љубов со 100 мажи

Ќе останат запаметени како најфатални заводнички на сите времиња.

Биле најпосакувани жени во светот, имале многу стил, но и неверојатен апетит за сексуален живот.

Клеопатра, синоним за заведување

Иако не била некоја посебна убавица, египетската кралица Клеопатра низ вековите важи за една од најпривлечните жени на сите времиња. Била нежна и имала убаво тело, а мажите ги заведувала употребувајќи посебни парфеми донесени од источните земји.

Имала елегантен врат, долга црна коса и полни усни. Накратко, била жена поради која мажите, доколку љубовта не им била возвратена, биле подготвени и да се убијат. На ваквите епитети, додаден е уште еден – упатеност во тајните љубовни вештини.

Од 12-та година, кога го имала својот прв љубовник, го употребувала сексот како извор на задоволство, но и на власт.

Се тврди дека изградила храм во кој десетина момчиња, робови, ја потхранувале со разни афродизијаци. Со нив секојдневно ги вежбала еротските тајни кои ги учела од проститутките во Александрија.

Постојат податоци дека во тек на една вечер можела да води љубов со 100 мажи.

Постојат и белешки во кои пишува дека бесмртната Клеопатра сакала само двајца мажи. Првиот бил Јулиј Цезар, а вториот Марк Антониј. Поради неа Цезар до „судниот ден“ ја губел главата, а храбриот Марк во својата љубов отишол толку далеку што дури и умрел поради неа.

На египетскиот трон седнала кога имала само 18 години, а од животот се откажала поради египетската кобра.

Клеопатра, фото – Profimedia

Кој за што, блудницата за моралот

Поранешниот римски закон им забранувал на сенаторите брак со глумици, а царица Теодора (508-548), жена со исклучителна убавина, интелект и волја, а и многу строга, пропагирала по венчавката со Јустинијан големи морални реформи!

Истовремено за себе го задржила статусот „Заштитник на неверните жени“. За да не го прекршува законот кој забранувал потполна голотија, Теодора носела проѕирна ткаенина и во околината на Рим ги отворала своите „рајски врати“ на десетмина благородници за една вечер. А следниот ден незаситната Теодора „густирала“ 30-на нивни слуги.

Ги убивала робовите после секс

Кралицата Зингуа (17 век), владетелка на територијата на денешна Ангола, била една од најсуровите нимфоманки на која рамни ѝ биле само легендарните Амазонки.

Image result for queen nzinga

За нив, инаку се тврди дека ги осакатувале своите мажи бидејќи наводно таквите биле најдобри љубовници. Раскалашната кралица Зингуа имала цел машки харем во кој избирала по двајца кои се бореле до смрт, а на победникот како награда му го нудела своето тело кое морал да го „потхранува“ додека не се онесвести. Откако ќе се разбудела од несвест, сексуално незаситната кралица го убивала љубовникот.

Зингуа не ги убивала само своите мажи, туку и бремените жени. Својата љубомора на нив поради сопствената стерилност ја излекувала откако ја примила христијанската вера на 77-годишна возраст.

Продолжението прочитајте го утре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот