СЕКСУАЛНИОТ ПРЕДАТОР НА СЛОБОДА: Вајнстин пуштен со кауција од два милиони долари

Фото: Твитер

Поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнстин, прифатил да понуди дополнителна гаранција дека нема да побегне поради случајот за сексуален напад, кој обвинители од Њујорк го отворија против него, а кои се обиделе и да ја зголемат кауцијата, откако тој наводно не ги почитувал правилата, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Обвинителите побарале кауција од пет милиони долари за Вајнстин, а не првобитните милион долари, но судијата Џејмс Бурк од Врховниот суд на Менхетен, се согласил да го пушти Вајнстан со кауција од два милиони долари, пренесува Ројтерс.

Вајнстин се служел со помагало за да влезе во судницата, а неговата адвокатка Дона Ротуно, рекла дека утре го очекува операција на грбот.

Судењето е закажано за на 6 јануари 2020 година, а Вајнстин би можел да се соочи со доживотна казна затвор ако биде осуден.

Вајнстин се изјаснил дека не е виновен, според обвинението дека сексуално нападнал две жени, една во 2006 и друга во 2013 година.

Тој, исто така ги негирал шпекулациите за недолично сексуално однесување кон околу 70 жени денеции наназад, истакнувајќи дека дошол до контакт со нив, но со претходна нивна согласност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот