Сексот после кавга е еднаков на кокаин

Општо е познато дека сексот после голема кавга е многу подобар од оној „обичниот“.

Клиничкиот психолог Сит Маерс верува дека паровите кои најчесто се смируваат преку секс, се караат многу почесто.

„Ваквиот секс ја засилува емоционалната драма. Размислите, ако после кавга имате неверојатен секс, зарем не е логично повторно да се скарате бидејќи наградата е феноменална.“ – вели тој.

Некои доктори го потврдија тоа докажувајќи дека помирувањето на партнерите во кревет после кавга има ист ефект како и кокаинот.

„Паровите после кавга едвај чекаат да почнат со галење и нежности, бидејќи тоа е спротивно од гневот и нервозата при недоразбирањата. Искрено кажано тоа воопшто не се разликува од наркоманите на кои им треба кокаин.“ – вели Маерс.

Некои сексолози не се сложија со Маерс и тие тврдат дека сексот за помирување е најнормална појава и дека ја зголемува блискоста помеѓу партнерите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот