„Сексот и градот“ зад камерите: Потпетиците им ги оштетиле стапалата, кариерата им била поважна од семејството

Иако актерките од познатата серија „Сексот и градот“ доживејаа светска слава, снимањето не им останало во најдобро сеќавање.

Серијата започна да се емитува пред 22 години, во која улогите ги толкуваат четири најдобри пријателки – Кери Бредшо (Сара Џесика Паркер), Саманта Џонс (Ким Катрал), Шарлот Јорк (Кристин Дејвис) и Миранда Хобс (Синтија Никсон). Приказната го следи животот на водечките протагонистки во Њујорк, во текот на шест сезони.

Кристин Дејвис, Сара Џесика Паркер, Ким Катрал и Синтија Никсон/Фото: Инстаграм

Серијата се базираше на истоимениот роман на писателката Кендис Бушнел. Освои 7 од 54 номинации на Еми, 8 од 24 номинации за Златен глобус и 3 од 11 награди на Акторс гилд авард.

Актерките се вклопија одлично во серијалот, но Сара Џесика Паркер и Ким Катрал имаа конфликт за улогите. Шпекулациите се дека причината е тоа што Ким се однесувала како дива, но подоцна продуцентите на серијата го демантираа ова.

Сара Џесика Паркер и Ким Катрал/ Фото: Instagram

Сите четири поголемиот дел од времето во серијалот го поминуваа во високи потпетици. Кери била опседната со чевлите со потпис на Маноло Блахник, но во реалноста признава дека носењето високи потпетици и ги оштетило стапалата.

Сара Џесика Паркер на сетот/ Фото: Инстаграм

Отидов на лекар и тој ми рече дека ми расте коска во ногата поради високите потпетици и позицијата на ногата што ја имам додека ги носам“, вели Сара Џесика Паркер.

Нејзината колешка Кристин Дејвис исто така ја коментираше ситуацијата со потпетиците.

Навистина се чинеше како да им порачуваме на сите да носат високи потпетици секој ден. Тоа беа убави чевли и се вклопуваат во стилот на серијата, но не мислам дека жените треба да носат потпетици секој ден “, вели таа.

Синтија ја мачел фактот поради кој сите требало да бидат витки и слаби во серијата и да наметнат високи стандарди на општеството, додека сега ситуацијата е поинаква.

Миранда и Шарлот/Фото: Instagram

Денес во ТВ сериите се појавуваат девојки со секакви фигури и облини. На пример, во серијалот „Девојки“, актерките се реални и помалку вештачки“ вели Никсон.

Instagram

Ким поради серијата одлучила дека не сака да има деца.

Само размислив дека работам 19 часа секој ден. Мојот понеделник започнуваше во 4:45 часот наутро и траеше до 1 часот по полноќ. Немаше шанса да имам дете со сите тие обврски “, изјави Катрал.

Ким Катрал/Фото: Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот