Сексолог го дава одговорот: Зошто се чувствувате депресивно после секс?

Илустративна фотографија за депересивно расположение по секс / Фото: Profimedia

Посткоиталната дисфорија е, всушност, многу честа појава, иако многумина од вас не знаат дека така се нарекува. Станува збор за чувство на тага после секс и разни негативни емоции како анксиозност, меланхолија, плачење и раздразливост, пишува „Љепота и здравље“.

Иако се чувствувате многу добро за време на самиот чин, емоциите кои доаѓаат потоа се загрижувачки. Сепак, тие се нормални. За време на сексот доживувате среќа, одлично расположение и кулминација, но откако ќе заврши – тоа доведува до ментален слом.

Џиџи Енгл, сертифициран клинички сексолог, истакнува дека чувствата на реалниот живот произлегуваат од чувствата на сигурност, среќа и блаженство. И тука се јавува феноменот наречен посткоитална дисфорија, кој се карактеризира со пад на расположението после секс.

Енгл вели дека речиси 50 отсто од жените доживуваат постсексуална депресија во одреден период од нивниот живот, а студиите покажуваат дека тоа може да влијае и на значителен број мажи.

Што предизвикува посткоитална дисфорија?

Енгл вели дека чувството на меланхолија после секс може да се поврзе со падот на хормоните кои се излачиле за време на сексот, што доведува до тага и депресија. Кога сте во зголемена состојба на возбуда, вашето тело ќе биде преплавено со сите хормони за добро чувство. По врвот, нивоата на овие хормони паѓаат. На пример, таков е допаминот, чии ниски нивоа се поврзани со слаба енергија, депресија и анксиозност.

Интересна студија, објавена во списанието „Секшуал медисин“, покажува дека не постои врска помеѓу посткоиталната дисфорија и интимноста во блиските врски, што значи дека е исто толку веројатно да го доживеете ова после секс со долгорочен партнер како и по партнер со којшто сте имале секс за една ноќ.

Како да се справите со депресијата после секс?

Размислете да бидете искрени со партнерот за тоа како се чувствувате и обидете се заедно да најдете решение. Тоа може да биде искрен разговор или прегратка. Можеби едноставно ви е удобно со тишината или далечината. Сè на сè, ниту едно решение не е погрешно.

Ако мислите дека депресијата е почеста отколку што треба, дефинитивно одете кај сексуален терапевт кој ќе ви го даде најдобриот совет што да правите понатаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот