Сексизам во САД: Новинар доби отказ поради невкусен коментар за колешка

принтскрин

Новинарката на телевизијата ЕСПН Марија Тејлор (33) беше предмет на невкусен коментар на водителот на радио станица во Чикаго, Ден Мекнил (59) поради што токму тој се најде на столбот на срамот и на крајот заработи отказ.

Марија е дел од емисијата „NBA Countdown“, но на стартот од сезоната во НФЛ лигата таа беше репортерска поддршка за најава на натпреварот помеѓу Њујорк џајантс и Питсбург стилерс, но нејзината појава на ТВ екраните не му се допадна на Мекник кој имаше крајно невкусен коментар.

View this post on Instagram

Rookie Night Feels ✨#MNF

A post shared by Maria Taylor (@mariataylor) on

„Дали таа е репортерка или презентер на доделување на секс награди“, гласи спорниот коментар на Мекнил кој предизвика лавина коментари во знак на поддршка на Марија Тејлор.

Новинарката не му остана должна на Мекнил.
– Доколку сакаш да продолжиш со сексистичките коментари на моја сметка префрли се на НБА емисијата која ќе ја водам утре. Девојки запомнете нешто: Слободно носете го тоа во што се чувствувате најудобно – порача Тејлор

Мекнил експресно доби отказ откако неговата изјава се појави на социјалните мрежи додека Марија освен поддршката на социјалните мрежи, од своите колеги во НБА емисијата доби букет цвеќе.

– Ти благодариме за твојот интелект, твојата убавина, твојата класа и тоа што си пример на она што ни е потребно – и порачаа поранешните НБА играчи, а сега колеги во емисијата, Џејлен Роуз и Џеј Вилијамс.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот