Секси и тренди: Погледнете како ќе изгледа пејачката Теа Трајковска во нејзиниот најнов видеоспот! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

И покрај тоа што владее пандемија поради коронавирусот, младата пејачка Теа Трајковска реши да ја почести  публиката со нова песна. 

Таа изминатите денови го снимаше и видеоспотот за новата нумера која носи наслов „Сенки“, за која текстот го напиша лично Теа, додека музиката и аранжманот се на најдобриот кај нас – Лазар Цветковски.

Фото: Промо

Теа не сакаше да открива многу детали за тоа како ќе звучи песнатра и како ќе изгледа спотот.

Фото: Промо

– Не сакам да откријам ништо, бидејќи сакам сите што ќе ја слушнат да се изненадат од целокупниот производ што го подготвувавме со тимот. Би сакала да бидете трпеливи уште малку,  прашање на денови или недели е кога ќе биде промовирана – вели Трајковска.

Фото: Промо

Инаку Теа за првпат за овој спот соработува со одличниот режисер Томи Акимовски и камерманот Горан Симјаноски.

Фотографиите кои ги погледнавте се од снимањето на видеоспотот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот