Секси хороскоп: Овенот не знае за предиграта, Бикот е секогаш подготвен за секс
Ако сакате долга предигра, а вашиот партнер секогаш е за директна акција, тешко дека ќе може да одговори на вашите потреби. Ви откриваме колку е силна хемијата меѓу вас и вашиот партнер, според хороскопските знаци.
Овен
Припадниците на овој знак зрачат со неверојатна сексуалност, импулсивни се и полни со енергија. Тие сакаат брз секс или див секс, набрзина во некој скриен агол, дури и таму каде што постои опасност да бидат откриени. Колку се понапнати и оптеретени со проблеми, толку се постраствени во кревет. Овните не знаат за предигра, тие можат да бидат многу груби кога се вљубени. Ако не сте подготвени за ваква врска, држете се подалеку од нив барем додека се помлади, бидејќи тогаш тие се во полна сила. Во зрелоста, стануваат уморни, па нивниот сексуален нагон е послаб, но и тогаш тие се повеќе концентрирани на физичката отколку на емотивната страна на врската.
Бик
Ова е најсензуалниот знак во Зодијакот, полн со еротски желби и секогаш подготвен за секс. Биковите се многу срамежливи, но оставаат впечаток на мирни луѓе, сигурни во себе. Во младата возраст тие се главно насочени кон проучување на телото на партнерот и неговата реакција, а дури по триесеттите години доаѓа до израз нивниот вроден сексуален потенцијал и почнуваат да уживаат во водењето љубов на вистински начин. Бикот ќе ве освои со пријателскиот пристап, заводливиот изглед и нежно ќе ве одвлече во кревет. Имаат неверојатна моќ на набудување, силни сетила за мирис, вкус и допир, но и покрај суптилниот пристап, тие првенствено мислат на себе.
Близнаци
Тие не застануваат на едно место, постојано талкаат и тешко е да воспостават стабилна врска. Ставот кон сексот кај Близнаците се менува само во позрелата возраст, кога тие стануваат зрели и многу посветени љубовници. Многу се имагинативни, чувствителни и секогаш се грижат детално да откријат во што ужива нивниот партнер, но дефинитивно ќе му дадат до знаење што тие сакаат. Близнаците се во постојан страв да не бидат отфрлени, па затоа предлагаат експериментирање со различни сексуални игри, а во случај партнерот да не се согласи на тоа, ќе се обидат да го убедат дека станува збор за недоразбирање. Тие се вечни адолесценти, па дури и во четириесеттите ќе се однесуваат како да се во својата рана младост. Духовити се и постојано подготвуваат изненадувања за својот партнер.
Рак
Романтични, имагинативни и страствени, Раковите целосно се предаваат на својот/та сакан/а. После еротската игра, тие остануваат блиски со партнерот, бидејќи за нив е многу важно да почувствуваат блискост и сигурност по љубовниот чин, што често им значи повеќе отколку самиот секс. На припадниците на овој знак им треба многу време да излезат од својата школка и да започнат да ја освојуваат личноста што им се допаѓа, а тоа го прават само кога се целосно сигурни во успехот. Потребен им е постојан партнер на кој ќе му овозможат целосно задоволство и еротско уживање. Раковите созреваат сексуално малку подоцна, но штом почувствуваат привлечност, стануваат вистински зависници од секс и тешко ја толерираат сексуалната апстиненција.
Лав
Тие се достоинствени, полни со самодоверба, имаат кралски манири, а целта им е целосно да го потчинат својот партнер. Тие се галантни и даваат се од себе, но истото го очекуваат и од своите партнери. Припадниците на овој знак очекуваат саканата личност да им се восхитува на нивните сексуални вештини: ако не добијат, навредени се и стануваат ладни. Заводливи се и елегантни, сакаат да привлекуваат внимание со својот изглед и сакаат кога личноста до нив изгледа привлечно. Подготвени се за секакви секси лудила, без разлика колку години имаат. Цел живот подеднакво се посветени на сексот и разгалување на партнерот.
Девица
Никој, како внимателната и промислена Девица, не знае како да ги сокрие емоциите и страста, но кога конечно ќе ги покаже, се случува вистинска вулканска ерупција. Тие сакаат секс и уживаат во него, понекогаш изненадувајќи го својот партнер, кој дотогаш можел да се заколне во нивното сексуално студенило. Девиците не сакаат грубост, нетрпеливост и површност. Тие секогаш прават нешто за да му угодат на својот партнер, без оглед дали тој е подготвен да ги прифати нивните знаци на внимание. Кога сакаат, тие стануваат најпосветени на светот. Нема правила за припадниците на овој знак – тие секогаш се добри или никогаш не се добри во сексот; се зависи од тоа дали нашле партнер кој им одговара во сè.
Вага
Софистицираните припадници на овој знак го поврзуваат сексот исклучиво со емоции и во интимните моменти му се предаваат на партнерот со сето свое битие. Тие прават чуда со својот суптилен, имагинативен пристап; немојте да се изненадите ако ве возбудат со шепотење на уво. Не сакаат принудени и стереотипни врски, копнеат по слободна љубов, но не им пречи што нивниот партнер размислува поинаку. Вагите стануваат малку мрзливи во кревет со возраста, па затоа е потешко да се „одвлечат“ во кревет после 35-та година од животот. Во тој случај, користете афродизијак кој секогаш делува – пофалете ги дека се многу добри љубовници за да се охрабрат.
Шкорпија
Предизвикувачки, секси, но во никој случај агресивни, припадниците на овој знак сакаат отворено да зборуваат за сексот, да опишат што ги возбудува, а што ги одбива. Тие го одржуваат своето тело во топ-состојба, изгледот им е многу важен и се грижат да имаат привлечен партнер. Многу се посесивни и без двоумење ќе му дадат до знаење на партнерот дека очекуваат целосна лојалност. Имаат оган во срцето и страст во крвта, тие се магнетски привлечни, нивното мото е – сега или никогаш. Сакаат да експериментираат, за нив нема табуа. Рано му се препуштаат на сексот, а активни се во кревет дури и во подоцнежните години, всушност водењето љубов за нив е – самиот живот.
Стрелец
Со неодолив шарм, вроден оптимизам и искреност, Стрелците освојуваат сè околу нив. Тие со задоволство се препуштаат на шармот на еросот, фантастични љубовници се, огнени, многу имагинативни и склони кон експерименти во кревет, што, сепак, никогаш нема да ги предложат сами. Тие се одлични идеалисти и се во вечна потрага по совршена врска, па затоа често менуваат партнери, убедени дека секој следен е вистинскиот. До 30-та година од животот, сè е предизвик за припадниците на овој знак, па затоа не може да сметате на нивна лојалност. Прељубата ја сметаат за „мало бегство од секојдневниот живот“, но во староста стануваат многу поприврзани за партнерот.
Јарец
Тие не сакаат да ги откриваат своите чувства и строго го контролираат однесувањето. Сепак, зад таа крута надворешност се крие огнен темперамент и голема издржливост во кревет. Дури и на млада возраст, доаѓа до израз нивната зависност од секс, која понекогаш се губи со текот на годините на сметка на амбицијата за успех, работа, брак и други обврски. Сепак, сексот е, заедно со успехот, за повеќето Јарци најважната работа во животот. Никогаш не треба да го критикувате начинот на кој водат љубов затоа што никогаш нема тоа да ви го простат. Недостигот на фантазија го компензираат со посветеност кон својот партнер, иако можат да бидат и себични. Дури и во подоцнежните години, тие не губат интерес за секс.
Водолија
Слободоумните, недостижни и ексцентрични Водолии ја изненадуваат околината со своето однесување и ставови, а во кревет се непредвидливи и склони кон егзебиции. Припадниците на овој знак се повеќе духовно расположени, но се грижат и за своите физички потреби. За нив сè е возбудливо и невообичаено, предиграта им е најважна во сексот, иако се подготвени да се позанимаваат со секакви секси игри. Уживаат максимално во водењето љубов, но понекогаш претеруваат и затоа целосно го игнорираат партнерот. За нив, кога станува збор за сексот, нема добри и лоши периоди во животот, тие се подеднакво успешни љубовници и на помлада возраст, како и во зрелоста.
Риби
Тие живеат за љубов и знаат да го ценат она што им го дава нивниот сакан/а. Стануваат зависни од сензуални задоволства многу рано. Кога сакаат, припадниците на овој знак му даваат на партнерот целосно задоволство, а во исто време тие бесконечно уживаат во љубовта. Кога станува збор за сексот, за Рибите тоа е нераскинлив дел од емотивната врска и затоа се предаваат без остатокот. Многу вешти љубовници се и непогрешливо откриваат што најмногу ја возбудува саканата личност и подготвени се на сите можни експерименти за да му угодат на обожаваното лице. Ова го прават во младоста, но и во поодмината возраст. Сепак, внимавајте – Рибите се многу емотивни и не смеете да ги повредите бидејќи во тој случај тие се свртуваат кон друг партнер.