СЕКС ВО ВОДА: Зошто звучи како добра, а е крајно лоша идеја?

секс вода

Се навикнавме во филмовите да гледаме романтични сцени во базен, јакузи, па дури и во море, но дали е тоа толку добро колку што изгледа на екран или во кино?

Постојат многу причини зошто секс во вода е лоша идеја, а ова се само неколку од нив:

Побрзо се сушите

Можеби ви се чини дека сè би одело глатко поради присуството на вода, но лубрикантите всушност содржат состојки кои ја зголемуваат „лизгавоста“, додека водата го измива и природното навлажнување.

Може да биде опасно

Сексот во туш-кабина на филм изгледа заводливо и грациозно, но во реалноста влажната средина може да биде пречка за одржување рамнотежа, па дури да дојде и до одредени повреди поради удирање или лизгање.

Се изложувате на бактерии

Водата во базените, езерата, морињата и во кадите, колку и да е чиста, секогаш е всушност контаминирана со микроорганизми кои лесно може да навлезат во вагината на жената.

Не ви одат во прилог ниту козметичките производи за нега, напротив, тие уште толку може да ја загрозат вагиналната микрофлора или пак да предизвикаат иритации и воспаленија на машкиот полов орган.

Сексот во море е уште полоша идеја, бидејќи самото море е солено, а тоа значи дека во него се растворени минерали кои сигурно нема да им годат на половите органи. За најбезбедна игра, задржете го сексот надвор од водена средина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот