
Секс во поодминати години: Слушајте го вашето тело без предрасуди
Стареењето има многу предности – ги зајакнува социјалните вештини, дава поголема емоционална стабилност и способност да се потпреме на себе. Со процесот на стареење, некои од виталните функции на нашето тело стануваат побавни, но умот станува поостар, пишува „Д лист“.
Препорачано
Истражувачите открија повеќе придобивки со стареењето, а една од нив е избалансираниот сексуален живот.
„Многу жени постари од 50 години имаат проблеми со дијабетес, вишок килограми и сува вагина. Експертски совет е да се фокусирате на комуникацијата и интимноста со партнерот“, вели д-р Кејти Пропст, гинеколог од Клиниката во Кливленд.
Пропст предлага да си опишете себеси и партнерот како се „чувствувате“ во врска во одредени ситуации.
„Бидете искрени со себе и запрашајте се дали има работи што се случуваат во вашиот живот или во вашата врска што ве спречуваат да имате интимни моменти со партнерот. Пречките во врската повеќе ги погодуваат жените отколку мажите кога станува збор за сексот“, додава докторката.

Џес О’Рајли, сексолог и водителка на поткастот „Sex with dr Jess“, истакнува дека желбата за секс опаѓа по педесеттата година од животот. Затоа треба да размислиме за тоа колку и што ни значи сексот во тој период од животот.
Пропст препорачува да се најде сензуалност во храната, музиката и уметноста, бидејќи сето тоа може да го подобри вашиот сексуален живот. Гледајќи на задоволството без предрасуди, можете да го одржите вашиот сексуален живот активен.
Исто така, таа ги советува луѓето да не дозволат ограничувачките културни предрасуди за тоа што претставува „вистинскиот“ секс да ги спречат да го пронајдат својот пат до задоволството.
Во секоја врска, без разлика дали е „за една ноќ“ или повеќегодишна, има работи за кои треба да се зборува. Една од нив е и отворениот разговор за секс.