Секс во кола, пар блокираше сообраќај во тунел (ВИДЕО)

секс во тунел
Принтскрин

Една двојка во Цирих, Швајцарија, беше снимена додека имаше сексуален однос во автомобил во средата вечер, предизвикувајќи долга колона на автомобили во тунелот „Gubristtunnel“.

Како што известува швајцарскиот весник 20min.ch, кој обезбедил видео од настанот, кантонската полиција во Цирих го разгледува овој случај и можноста кривично да ги гони двете лица.

Според медиумот „20minuten“, првична причина за застојот биле работи на патот, санирање на цевка на патот, по што на парот му станало здодевно, па решиле да си поиграат.

„Беше здодевно по еден час чекање. Јас разбирам зошто тие го сторија тоа“, рече читател на „20minuten“, коментирајќи го чинот на двојката која беше фатена на дело за време на секс во автомобил.

Двете лица вклучени во овој чин, можат да бидат кривично гонети поради невнимателност во сообраќај, изјавија во четвртокот од кантонската полиција во Цирих, пренесува Албеу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот