Секс скандал во Катар: Српските фудбалери спиеле со сопругите на колегите?

Ана и Предраг Рајковиќ / Софија Милошевиќ и Лука Јовиќ / Фото: Инстаграм: Ана Рајковиќ/Лука Јовиќ

Од почетокот на Светското првенство во фудбал, српската репрезентација не успеа да постигне победа во натпреварите со Бразил (2:0) и Камерун (3:3).

Според англискиот новинар Ричард Вилсон, овој неуспех се должи на фактот дека, наводно, меѓу фудбалерите владее тензија поради наводните афери што некои од нив ги имале со сопругите на нивните колеги.

Имено, Вилсон пишува дека Душан Влаховиќ, наводно, спиел со Ана Рајковиќ, сопругата на голманот Предраг Рајковиќ, за време на тренинг кампот. Ова предизвикало голема нетрпеливост во соблекувалната помеѓу фудбалерите.

По овие скандалозни наводи во медиумите, Влаховиќ се огласи и потенцираше дека се работи за „глупости и небулози“.

„Жал ми е што вака морам да ја започнам прес конференцијата на Светското првенство. Сметам дека нема потреба да зборувам премногу, туку дека треба да реагирам и да се огласам затоа што се работи за мене и за моето име.

Работите што ги читаме се сериозни глупости и небулози. Тоа го прават луѓето на кои им е здодевно и што немаат што да прават во слободното време затоа што се искомплесирани, злобни, лути на некого. Очигледно работат против интересите на репрезентацијата.

Атмосферата никогаш не била подобра, обединети сме, ништо не се промени. Сакам да го заштитам интегритетот на моето име и ќе се бранам правно ако треба. Не е првпат ова да се случува. Никогаш не сум се огласувал, но сега морам да реагирам“, објасни Влаховиќ.

Душан Влаховиќ / Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Исто така, истиот новинар пишува и за наводен конфликт меѓу репрезентативците Немаља Гудељ, момчето на Анастасија Ражнатовиќ, и Лука Јовиќ.

Според блиски извори до нив, Гудељ спиел со сопругата на Јовиќ, Софија Милошевиќ. Ова, исто така, допринело за влошените односи меѓу српските фудбалери „зад кулисите“.

Сепак, ниту Гудељ, ниту Јовиќ се немаат огласено во врска со овие изнесени тврдења без докази.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SOFIA MILO (@sofijamilo)

Ввечерва, со почеток од 20 часот, Србија и Швајцарија ќе го одиграат клучниот натпревар за пласман во осминафиналето. Дали овие заткулисни проблеми ќе влијаат врз играта на српските фудбалери, ни останува да видиме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот