Секс скандал ја тресе политичката сцена во Украина! (ВИДЕО)

Пратеничките во украинскиот парламент бараат оставка од претседателот на Комисијата за надворешна политика, Богдан Јаременко, поради негова наводна вмешаност во секс скандал.

Иницијативата е предложена од Антонина Славицкаја, пратеничка на „Опозициска платформа – За живот“.

Јаременко, кој е пратеник од партијата „Слуга на народот“, е обвинет за вмешаност во наводен сексуален скандал, откако во украинските медиуми вчера се објавени снимки и фотографии како тој за време на собраниска седница се допишува со евентуална сексуална работничка и бара нејзини услуги.

На една од фотографиите се гледа како Јаременко некому му напишал на руски јазик: „Услови за средба со тебе“, а потоа од соговорникот добил одговор: „Здраво. Вашето место. Сексот е заштитен, класичен и орален. Анален – табу. Еден час – 100 долари, а два часа – 150 долари“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот