Секс и рокенрол: Кортни Кардашијан и Тревис Баркер ги споделија фотографиите од венчавката

Венчавката на Кортни Кардашијан и Тревис Баркер, Фото: Instagram

Пo „пробната“ венчавка во Лас Вегас на почетокот на април, оваа недела официјално се венчаа Кортни Кардашијан и Тревис Баркер во Санта Барбара, со сведоците Мери Џо Кембел, бабата на Кортни и таткото на Баркер, Ренди. Парот наводно планира голема венчавка во Италија, за која морале претходно да склучат официјален брак.

Кортни Кардашијан потврди дека е мажена жена со албум од фотографии од нејзината свадба кој го сподели на „Инстаграм“.

„Додека смртта не нè раздели“, напиша во описот на црно-белите фотографии, 43-годишната ријалити-ѕвезда.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kourtney ❤️ (@kourtneykardash)

46-годишниот Тревис, иско како сопругата сподели албум со фотографии и напиша „Додека смртта не нè раздели“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by travisbarker (@travisbarker)

Фотографиите на парот се во веќе препознатливиот нивен стил на секс и рокенрол. Кортни носи мини венчавка, украсена со црвено срце и традиционален превез, додека музичарот се одлучил за класичен, целосно црн смокинг.  Свадбената кола им е црн кабриолет на кој има натпис „Just Married“(Само што се оженив).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот