Се*с ако не си во брак – ЗАБРАНЕТО! Видете која земја ќе донесе ваков закон

Фото: Профимедиа

Индонезија најверојатно ќе донесе нов контроверзен кривичен закон со кој ќе го криминализира консенсуалниот се*с надвор од бракот и ефективно ќе ги забрани истополовите врски. Овој чекор кој наиде на силни критики од групите кои се борат за човечки права, сметајќи го за повреда на освновните човекови права и слободи, објави Си-ен-ен.

Овие законски промени, кои исто така ќе вклучат и казни за навреда на претседателот, се очекува да стапат на сила веќе следната недела, откако владата на Индонезија вчера го прифатила предлогот.

„Human Rights Watch“ истакна дека овие нови закони се „катастрофални, не само за жените, религиозните и сексуалните малцинства, туку за сите Индонезијци“ и ги повика пратениците да ги повлечат контроверзните промени.

Индонезија го има наголемото мнозинство на граѓани од муслиманска вероисповед, но се гордее поради фактот што е толерантна нација со мешавина од етникуми и религии. Но, како што констатира Си-ен-ен, во изминатиот период, во земјата се појавува зголемена нетолеранција против религиските и сексуалните малцинства од зголемената бројка на религиски конзервативци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот