Секс афера ја потресува полицијата: Ја позајмила униформата на сестрата полицајка за да снима секси фотосесија

принтскрин

Една Русинка предизвикала вистински немир во редовите на московската полиција бидејќи одлучила да направи неколку фотографии во полициска униформа во просториите на полициската станица.
Бурата на друштвените мрежи не стивнува бидејќи во тек е лута расправа за тоа дали нејзината предизвикувачка фотосесија е срамота за руската полиција или одлична реклама.

Не е вистинска полицајка

На фотографиите е девојка облечена во полициска униформа која заводливо гледа во камерата. На другите фотографии се изменува во сексапилни пози. По кратката истрага медиумите откриле дека не станува збор за вистинска полицајка, туку за сестрата на една полицајка која одлучила да ја позајми униформата и да си направи секси фотосесија.

Истрагата е во тек

Засега не е познато дали полицајката е вмешана во случката, а московската полиција рекла дека ја истражува позадината на овој инцидент.

На руската друштвена мрежа ВКонтакт жестоко се расправа за фотографиите. Многу од нив сметаат дека полициската станица не е место за секси снимања бидејќи полицајците и другиот персонал кој таму работи би требало да има попаметна работа од тоа.

„Девојката е преубава. Мене не ми пречи. Поминав 30 години во полиција и сметам дека со ова никого не навредила. Барем мене не“, напишал корисникот Павел Мазуренко обидувајќи се да ѝ ја одбрани честа.

Girl during photo shoot in Tverskoy Internal Affairs
VK/принтскрин
Girl during photo shoot in Tverskoy Internal Affairs
VK/принтскрин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот