Секретарот за внатрешна безбедност на САД поднесе оставка

фото: Flickr.com/Donna Burton

Претседателот на САД Доналд Трамп соопшти дека вршителот на должноста секретар за внатрешна безбедност, Кевин Мекалинен (48) поднел оставка, а следната недела ќе биде назначен нов в.д.

– Кевин, по многу години во владата, одлучи да минува повеќе време со своето семејство и да биде во приватниот сектор – напиша Трамп на Твитер.

Мекалинен во април годинава стана четвртата личност на чело на Министерството за внатрешна безбедност од почетокот на претседателството на Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот