Сековски: На 80 отсто од лифтовите не се врши редовниот задолжителен годишен преглед

И покрај законската обврска за сопствениците или корисниците на лифтовите во станбени згради, за околу 20 отсто од лифтовите нема договор за нивно одржување, на околу 80 отсто од нив не се врши редовно задолжителниот годишен преглед, а на некои никогаш не е извршен преглед, изјави претседателпт на Македонското здружение за лифтови, Горан Сековски.

На одбележувањето пет години постоење на МЗЛ, Сековски посочи дека цел на оваа здружение е безбедност за сите – и на тие што работат со лифтовите и на корисниците.

– Во 2015 година бевме коорганизатори на првата Регионална балканска конференција за заштита при работа, во чии рамки тогаш организиравме и една работилница за лифтовите. Редовно организиравме еднодневни семинари на различни теми од областа на лифтовите, подоцна и за специјализирање на инспекциски тела, за монтажа и сервисирање на лифтовите – рече Сековски.

Тој посочи дека во последно време тие како здружение се активирале во регионот, каде направиле неформална мрежа.

– Имаме потпишано меморандум за соработка со бугарското и хрватското здружение за лифтови и како резултат на таа соработка беше организирана и Првата регионална конференција во Охрид со околу 60 учесници. Пред две години до УСАИД аплициравме за ПЕТ програмата, која се состои од два дела. Верифициравме една програма по законот за образование на возрасни за програмата монтер на лифтови – ескалатори – рече Сековски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот