Секоја жена во менопауза треба да ги јаде овие семки: 9 здравствени проблеми веднаш исчезнуваат!

Семките од тиква многу одамна се користат во медицински цели поради исклучително корисното својство за здравјето. Богати се со магнезиум, калциум, калиум, железо, цинк, витаминот К и омега 3 масните киселини.

Исто така, ја содржат аминокиселината триптофан која создава серотонин – хормон за среќа кој влијае на доброто расположение и квалитетниот сон.

Исклучително се корисни за жените во менопауза кај кои доаѓа до остеопороза поради недостатокот на витаминот Д и цинк. Токму семките од тиква се еден од најбогатите извори на цинк, минерал кој ги зајакнува коските.

Најздраво е да јадете сирови семки од тиква, бидејќи со термичката обработка се уништува сета нивна хранлива вредност.

Доколку немате проблем со тежината, дозволено е дневно да изедете 100 грама семки од тиква, а доколку имате прекумерна тежина, тогаш се препорачува да изедете 30 грама семки.

За спокоен сон

Тие се калорични, и не се препорачуваат како вечерен оброк, но доколку страдате од несоница, нутриционистите советуваат еден час пред спиење да намачкате кришка леб со мед и да додадете семки од тиква. Тоа ќе ви помогне да се смири нервниот систем и да се опушти телото.

Помагаат во борбата против рак

Студиите кои ги спровеле шпанските научници покажале дека семките од тиква содржат соединенија кои успешно се борат против клетките на ракот. Друго истражување покажало дека жените кои секојдневно консумираат семки од тиква имаат за 23 % помал ризик од појава на рак на дојка.

Го зајакнуваат имунитетот

Освен што изобилуваат со магнезиум, семките од тиква се богат извор и на цинк, што помага при регулацијата на имунолошкиот систем, па така го намалуваат ризикот од вирусни инфекции при настинка или грип.

Ги ублажуваат симптомите на менопаузата

Ги регулираат нападите на врелина, главоболка, ја намалуваат болката во зглобовите и го регулираат променливото расположение.

Го намалуваат холестеролот

Научниците докажаа дека семките од тиква го зголемуваат нивото на добриот холестерол (HDL) и го регулираат крвниот притисок. Го намалуваат лошиот холестерол за 13 % и ризикот за појава на крвни згрутчувања, болести на кардиоваскуларниот систем, мозочниот и срцевиот удар.

Штитиат од дијабетес

Докажано е дека се делотворни во регулирањето на нивото на шеќер во крвта и ја зголемуваат чувствителноста на телото на инсулин.

Добри се за слабеење

Тие се богат извор на влакна и протеини, материи кои се клучни за слабеењето.

Го подобруваат расположението

Одлични се за физичкото, но и менталното здравје. Научниците докажале дека семките од тиква покажуваат одлични резултати во намалувањето на симптомите на депресија, одлични се за намалување на стресот и анксиозноста.

Го олеснуваат артритисот

Тие имаат ативоспалително делување кое ги ублажува симптомите на артритис, тврдат научниците.
Спречуваат појава на остеопороза

Тие се одличен извор на цинк, минерал кој е потребен за изградба на коските. Само една полна шака семки од тиква содржи дури 17 проценти од препорачаната дневна вредност за цинк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот