Секоја родилка позитивна на коронавирусот во болницата во Куманово може сосем безбедно да се породи

Во Одделението за гинекологија и акушерство во Куманово се почитува протоколот и постои посебен дел за изолација каде секоја родилка која е позитивна на коронавирусот може сосем безбедно и сигурно да се породи. Со ова одделение сме во постојана комуникација, и пациентите од таму по потреба се праќаат во Скопје, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој во одговор на новинарско прашање додаде дека одделенијата во болницата во Куманово, и покрај тоа што дел од персоналот не доаѓал на работа поради вирусот, сепак работат целосно секогаш кога ќе може да се организира работата.

-Болницата во Куманово со оглед на тоа што имаше голем број на персонал кој што не одеше на работа, дел беа заболени, дел беа во изолација согласно контактите и прашалникот, работат целосно одделенијата каде што може да се организира работата, конкретно за гинеколошкото одделение и за оддечението за инфективни болести сме во секојдневна комуникација и по потреба сите тие пациенти се праќаат во Скопје, по претходна најава. Во еден момент сите пациенти кои беа хоспитализирани на инфективното одделение, дел беа пуштени дома, согласно проценката, дел во Скопје, понатаму се примија нови петнаесетина пациенти, но во координација дека таму работата може да биде организирана, рече Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот