Секој вторник – граѓаните од Гази Баба два часа ќе прашуваат, Стефковски ќе им одговара

Бобан Стефковски, градоначалник на Гази Баба/Фото: Слободен печат

Од денеска, па  секој нареден вторник во периодот од 18 до 20 часот, секој граѓанин на општина Гази Баба ќе може  да постави прашање до градоначалникот Бобан Стефковски и во истиот тој временски период ќе добие одговор.

Ова го најави Стефковски и објасни дека линкот на новата алатка на комуникација со граѓаните „Прашај го градоначалникот“, каде жителите на Гази Баба  ќе можат да ги поставуваат прашањата,  ќе биде објавен денеска во 18 часот на неговата фејсбук страна.

Целта на оваа нова алатка е да го слушнам секое прашање, проблем или мислење од граѓаните, бидејќи се што доаѓа од народот, заслужува внимание. Мојата водилка при кандидирањето за градоначалник на општина Гази Баба беше можноста да помагам на граѓаните и да се обидам да решам што повеќе проблеми. Општината, градоначалникот и администрацијата се сервис на граѓаните и постојат за граѓаните – вели градоначалникот Стефковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот