Секој треба да е во пар: Во Швајцарија е нелегално да се вдоми само едно морско прасе

Морски прасиња / Фото: Profimedia

Можеби звучи необично, но во Швајцарија постои посебен закон кој забранува купување на само едно морско прасе.

Причината е едноставна: животните да имаат друштво. Во спротивно, доколку сопственикот го остави морското прасе само, може да биде обвинет за суровост кон животните.

Морските прасиња се слатки и мили животни, но доколку сакате да посвоите едно во Швајцарија, ќе треба да купите поголем кафез, бидејќи е дозволено да се купат најмалку две морски прасиња истовремено. Швајцарските организации за заштита на животните утврдиле дека морските прасиња најчесто умираат од осаменост, па затоа е неопходно покрај себе секогаш да имаат пријател или партнер, особено ако сопственикот не е присутен во домот по неколку часа дневно.

Морско прасе / Фото: Pexels

За да може морското прасе да биде здраво, расположено и да живее подолго, потребно е постојано да има друштво. Во спротивно, ако во домот на сопственикот има само едно морско прасе, тоа значи дека сопственикот го крши законот и го загрозува здравјето на животното.

Исто така, ако едно од морските прасиња умре, сопственикот мора веднаш да најде нов „цимер“. Но, не е секогаш така лесно да се најде совршениот пар, бидејќи овие животни, всушност, можат да бидат многу пребирливи.

„Бидејќи тие многу ретко умираат истовремено, дури и ако се на иста возраст, луѓето треба да донесат правилна одлука. На пример, младо животно може да му пречи на постаро морско прасе од четири или пет години“, изјави Приска Кунг, сопственичка на агенција за поврзување животни.

Морско прасе
Морско прасе / Фото: Pexels

Таа додава дека, во исто време, може да се случи и спротивен ефект и постарите животни, всушност, да уживаат во енергијата на помладите. Нејзините услуги се многу барани бидејќи многу сопственици се трудат да му дадат удобен живот на своето милениче.

Сличен пристап е потребен и за оние кои купуваат папагали, зајаци, одредени видови риби и други животни кои неретко се вдомуваат.

Покрај ова, Швајцарија има и многу други закони за заштита на животните. На пример, сопствениците на кучиња мора да поминат курс за да научат како правилно да се грижат за кучето, додека рибарите мора да научат како хумано да ловат риба. Од наведените правила може да се заклучи дека Швајцарија е совршена земја за љубителите на животни, но и за нивните миленици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот