Секој петти работник во Велика Британија во исто време би можел да биде заболен од коронавирус

Британскиот премиер Борис Џонсон сепак истакна дека толку високиот степен на болни е само претпоставка.

Секој петти работник во Велика Британија во исто време би можел да биде болен од „Ковид-19″ во „неделата во која епидемијата ќе го достигне врвот”, соопшти британската Влада презентирајќи ги своите планови за справување со новиот коронавирус.

Британскиот премиер Борис Џонсон сепак истакна дека толку високиот степен на болни е само претпоставка.

Планот за борба против ширењето на ковид-19 на британската Влада вклучува евентуално затворање на училишта, работа од дома, како и вклучување на армијата во работата на полицијата, доколку недостасува персонал.

– Доколку во полицијата недостасува многу персонал, дејствувањето ќе се концентрира на „одговор на сериозни злосторства и одржување јавен ред”, рече Џонсон и додаде дека армијата секогаш е подготвена да помогне ако има потреба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот