Секој петти лек во Афика е со лош квалитет, или е фалсификат
Истражувачите од Универзитетот Бахир Дар во Етиопија анализирале 7.508 примероци од лекови, а од тој број, 1.639 не ги исполниле стандардите за квалитет на барем еден тест, пренесува денес лондонски Гардијан.
Петтина од лековите во Африка не ги исполнуваат стандардите за квалитет или се фалсификувани, покажува големото истражување, што ги зголемува стравувањата дека проблемот може да доведе до бројни смртни случаи во субсахарскиот регион.
Истражувачите од Универзитетот Бахир Дар во Етиопија анализирале 7.508 примероци од лекови, а од тој број, 1.639 не ги исполниле стандардите за квалитет на барем еден тест, пренесува денес лондонски Гардијан.
Клаудија Мартинез, лидер на истражувањето, од непрофитната фондација „Пристап до лекови“ од Амстердам, наведува дека ваквото откритие е причина за голема загриженост за јавното здравје.
Проценките објавени минатата година од Канцеларијата на ОН покажуваат дека таквите лекови предизвикуваат до 500.000 смртни случаи годишно.
Светската здравствена организација (СЗО) објави дека во Африка најчесто се фалсификуваат антибиотици или лекови против маларија.