Секој може да помогне, Европол ги бара: Ова се најголемите сексуални предатори во бегство

За да се насочи вниманието кон сторителите на насилни сексуални напади, во 19 земји ширум Европа, ЕВРОПОЛ покрена кампања со која бара вклучување на јавнсота во пронаоѓањето на некои од најопасните сексуални престапници во Европа, извести хрватското МВР:

Телата за спроведување на законот од Белгија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Данска, Финска, Франција, Германија, Италија, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Полска, Романија, Шпанија, Шведска и Обединетото кралство се одѕваа на овој повик.

Осумнаесет бегалци кои се осомничени или осудени за сторени сексуални престапи се одбрани и истакнати на веб страницата на најбараните бегалци во Европа, EU Most Wanted Fugitives.

По нив трага ЕВРОПОЛ, /Фото: EU most wanted

Меѓу бегалците има Хрват и Бугарин

Меѓу 18-те објавени бегалци се наоѓа и 53-годишниот хрватски државјанин Мирко Драшковиќ за кого е издаден европски налог за апсење. Драшковиќ е осуден на затворска казна поради силување, а во бегство е од 2010 година.

62- годишниот Бугарин Пламен Иванов Митрев е осуден за силувања на 4 жени, за кои е осуден на 14 години затвор. Во бегство е од 2017 година кога е потврдена неговата последна пресуда.

„Ако пропознаете некого од најбараните сексуални престапници, може да и помогнете на полицијата Европа да ја направи побезбедна. Секоја информација може да се испрати анонимно преку веб страницата eumostwanted.eu и директно ќе биде проследена до националните истражители кои трагаат по бегалецот.

Досега вакви дојави се покажаа од непроценлива важност: од покренувањто на проектот во 2016 година, уапсени се 91 криминалец чија фотографија е објавена на веб страницата на EU Most Wanted Fugitives. Во најмалку 33 случаи тоа е поттикнато од информации добиени преку веб страницата.

Веб страницата на најбараните бегалци во Европа ја покрена Европската мрежа на тимови за активно барање на бегалци  (ЕНФАСТ) со активна поддршка на ЕУРОПОЛ. Сите членови на ЕНФАСТ се специјализирани за лоцирање на криминалците во бегство кои се осомничени или пак се осудени за сторени тешки кривични дела и по нив се распишани европски потернци и налози за апсење“, велат од МВР на Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот