СЕКОЈ МЕСЕЦ НОВА ПОЗА: Пристигна новиот календар со Владимир Путин (ФОТО)

Обожавателите на Владмир Путин можат да бидат многу задоволни поради фактот што во продажба е пуштен календарот за 2020 година со фотографии од рускиот претседател. Календарите со Путин обично се најбараните производи во руските книжарници и останати продавници, пренесе „Дневник.хр“.

ФОТО: Принтскрин / putin-calendar.com
ФОТО: Принтскрин / putin-calendar.com

Љубовта за претседателот може да се изразува на различни начини, а еден од нив е со купување на календар со негови фотографии. За секој месец од 2020 година, тие што ќе го купат календарот ќе можат да уживаат во нова поза од рускиот лидер.

ФОТО: Принтскрин / putin-calendar.com
ФОТО: Принтскрин / putin-calendar.com

– Секоја година купувам календари со нашиот претседател. Живееме во Русија, го познаваме и сакаме нашиот претседател. Тој ни носи среќа – рече Светлана Туркова, која купувала календар со Путин во една книжара.

Прочитајте и...  Сеул побара од Пјонгјанг дополнителна истрага за убиството на нивниот службеник

Многумина сметаат дека ова е во склад со старата традиција на народот во Русија, кој во минатото истакнувал протрети на лидерите на Советскиот Сојуз.

Календарот со Путин доаѓа во неколку верзии. Некои потсеќаат на неговата понежна страна, а другите ги истакнуваат неговите политички успеси.

– Не сум баш заинтересиран за политика. Се сомневам дека би поставил календар на мојот ѕид со политичка личност. Повеќе би сакал да имам календар со мали мачиња, мали свинчиња и останати животни или со фотографии од природата – смета Михаил Тихомиров, кој не е заинтересиран за календар со ликот на Путин.

ФОТО: Принтскрин / putin-calendar.com
ФОТО: Принтскрин / putin-calendar.com

Друга жителка на Москва смета дека ваквите календари првенствено се наменети за постарите генерации.

Прочитајте и...  Хоџа вети поддршка од 200 милиони евра за земјоделците и субвенции

– Мислам дека постои место за овие календари. Нема да ја загубат смислата. Постарите генерации се уште ќе ги користат, но младите нема бидејќи имаат календари на своите паметни телефони – вели Јана Ликхан од Москва.

Календарите со Путин станаа еден вид на традиција, бидејќи во Русија се објавуваат повеќе години наназад.

ФОТО: Принтскрин / putin-calendar.com
ФОТО: Принтскрин / putin-calendar.com

Секако, пишува „Дневник.хр“, календарите со Путин не се резервирани само за Русите. Се продаваат на интернет и можат да се нарачаат за речиси 500 денари.

ФОТО: Принтскрин / putin-calendar.com
ФОТО: Принтскрин / putin-calendar.com

Прочитај повеќе

Дали за падот на украинскиот авион е виновен диспечерскиот центар?

Слободен печат

Италијанското обвинителство осомничи 237 лица за шверцање на дрога, од нив 117 Албанци

Слободен печат

Хоти за апсењето на Харадинај и Гуцати: Правдата е над сѐ

Слободен печат

Десетина демонстрантки уапсени на протестите во Минск (ФОТО)

Слободен печат

Нова снимка од инцидентот со полицијата во Битола (ВИДЕО)

Слободен печат

Лекарите веќе ни од колегите не се безбедни: Во Куманово доктор нападнал колега, тој избегал низ прозор

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Филипче: Со жалење ја примив веста, дека уште еден медицински работник ја изгуби битката со ковид-19

Слободен печат

Ким Џонг-ун често знае да биде суров: Еве што сѐ е казниво со смрт во Северна Кореја

Слободен печат

Моментот на ужасот: Се појави снимка од падот на украинскиот авион (ВИДЕО)

Слободен печат

Што може да научи Европа од шведската стратегија против коронавирусот?

Слободен печат

Лондонската полиција ги растури демонстрациите против вонредните мерки заради коронавирусот (ВИДЕО)

Слободен печат

Дневен преглед на состојбата со коронавирусот во светот

Слободен печат