Секој кој вели дека Роналдо е подобар од Меси, не знае ништо околу фудбалот!

фото: твитер

Освои три „Златни топки“ и еве што има да каже холандската фудбалска легенда Марко ван Бастен за најголемата „дебата“ на модерниот фудбал.

Ван Бастен во минатото знаел да дава некои интересни изјави пред јавноста, како на пример неговиот предлог да се тргне офсајдот од фудбалските правила.

Овојпат сподели свој коментар за „вечната дебата“ во модерниот фудбал, и прашањето кој е подобар Лионел Меси или Кристијано Роналдо.

Ова прашање е актуелно повеќе од 10 години, а поранешниот играч на Ајакс и Милан застана на страната на аргентинската ѕвезда на Барселона, Меси.

Иако Холанѓанецот има пофалби за португалскиот напаѓач на Јувентус, Роналдо, тој истакна дека Меси едноставно не може да се спореди со некој друг фудбалер.

– Кристијано Роналдо е голем играч, но тие кои тврдат дека е подобар од Меси не разбираат ништо околу фудбалот или тоа го велат од лоша намера – рече Ван Бастен за „Кориере дела сера“.

Тој се осврна на фактот дека Меси и Роналдо доминираат во светскиот фудбал иако одамна ја преминаа 30. година.

– Меси е единствен, неповторлив и не можете да го имитирате. Играч како тој се појавува на секои 50 или 100 години. Уште како дете се најде во кругот на фудбалски генијалци. Јас практично прекинав да играм фудбал на 28 години. Освоив три „Златни топки“, но погледнете каде се тие двајцата со повеќе од 30 години – додаде Холанѓанецот.

Меси има пет „Златни топки“, една повеќе од Роналдо, по три имаат Ван Бастен, потоа Мишел Платини и Јохан Кројф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот