Секој кој може да работи од дома, апелира Филипче

Unsplash
Фото: Unsplash

Министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 упати апел секој кој може во наредниот период да работи од дома.

-Секој кој може да работи од дома, да ги извршува своите работни обврски од дистанца, секој кој може така да го организира животот, е добро тоа да го прави во наредниот период. Голем број компании им дозволија на своите вработени да работат од дома. Така ги штитат и своите вработени, а и своите бизниси. Исто така, придонесуваат и за заштитување на здравствениот систем, рече Филипче.

Филипче потенцираше дека состојбата со коронавирусот кај нас е стабилна и ситуацијата е под контрола.

-МВР во изминатиот период мораше поинтензицно да работи на терен, се прекршуваа протоколите и мерките. Мора граѓаните да се свесни дека овие мерки мора да се почитуваат, да се почитуваат протоколите, во спротивно тоа е сериозно загрозување на здравјето на граѓаните- истакна Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот