Секој Германец е посиромашен за 2.600 до 3.500 евра

– Мораме сериозно да ја сфатиме економската димензија на кризата, предупредува Фелбермајер.

Претседателот на институтот за светска економија, Габриел Фелбермајер, очекува поради вирусот секој поединец во Германија да биде посиромашен за 2.600 евра.

– Доколку прогнозата на владата се испостави како точна, тогаш кризата секој Германец, вклучувајќи ги тука и децата и старите лица, ќе го чини по 2.600 евра по лице, вели Фелбермајер.

Тој укажува и на тоа дека овој износ би можел да порасне и до 3.500 евра, доколку ситуацијата тргне во лоша насока.

Всушност, за разлика од германската влада, која проценува дека економијата ќе биде изложена на пад од 6,3 отсто, Фелбермајер прогнозира минус од повеќе од 10 проценти, доколку дојде до воведување нови рестрикции поради вирусот.

– Мораме сериозно да ја сфатиме економската димензија на кризата, предупредува тој.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот