Секој член на обезбедувањето на Ердоган мора да го исполни овој критериум (ВИДЕО)

EPA-EFE/STR

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган како и останатите светски лидери има бројно обезбедување составено од врвни обучени специјалци. Сепак неговото обезбедување се разликува од другите по еден детаљ, кој практично е обврзувачки услов за да се најдете во негова близина.

Ердоган во понеделникот се појави на самит во Анкара посветен на кризата во Сирија, а видеото од неговото доаѓање стана вирално заради припадниците на обезбедувањето.

Сите до еден имаа единствен стил, носеа бркови без оглед на тоа дали се работи за агенти во цивил или униформирани полицајци.

На самитот во Анкара покрај домаќинот Ердоган присуствуваат и рускиот претседател Владимир Путин и неговиот ирански колега Хасан Рохани.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот